Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

„Кинескиот ѕид“ споменик на урбанистичката мафија

Седум години од почетокот на изградбата, а никако да се реши мистеријата околу зградата на брегот на Вардар

Билјана Ангеловска

„Фиком“ и „Кинески ѕид“ се поимите што ја отсликуваат немоќта на државата да се справи со урбанистичката мафија. Зградата на брегот на Вардар во Градскиот парк во Скопје, се чини, целосно го оправдува името што и' го дадоа граѓаните, „Кинески ѕид“. Не само што остана нечепната од инспекцијата, и покрај сите проблеми и законски промашувања што ја следеа нејзината изградба, туку според тоа како изгледа и по повеќе од седум години од стартот на градењето, таа и навистина претставува ѕид. Се' уште нема абер од финализирање на работите, а тешко дека набрзо ќе може да се зборува и за евентуално вселување на апартманите.

И, додека во меѓувреме зградата ги менуваше газдите, во нејзина непосредна близина се доизгради арената „Филип Втори“. Уште кога се најавуваше изградбата на северната трибина на градскиот стадион, беше сосем извесно дека зградата, поточно становите во неа ќ�� ја изгубат целата атрактивност што ја имаа поради локацијата на која се градат. На сите им беше јасно дека трибината толку ќе се доближи до зградата што целосно ќе навлезе во нејзиниот визуелен простор и комплетно ќе го затвори погледот кон Водно. Но, тоа очигледно не ги спречи газдите да продолжат со изградб��та. Иако бавно, тула по тула, плоча по плоча, ламелите никнуваа со целата своја должина и висина.

Истовремено се крена и трибината. Сега таа е само неколку метри оддалечена од зградата, од која ја дели буквално само една сервисна уличка.

А, „Кинескиот ѕид“ остана надвор од сите закони, и стари и нови. Очигледно не го допираат никакви рокови за да се заврши изградбата. Но, факт е дека зградата не ја допира ниту која било инспекција, зашто објектот и натаму опстојува без никаков проблем. Ако се почитуваа роковите од претходните закони за градење, тогаш „Кинескиот ѕид“ одамна ќе требаше да биде или урнат или да му биде одземен на сопственикот. Објектот не би можел да се спаси дури и да се примени најновиот Закон за градба, донесен минатата година, бидејќи не постои законска одредба која дозволува изградба на станбен објект подолго од шест години.

Сепак, најтрагично е тоа што никој од надлежните не е сериозно заинтересиран да го реши случајот. Ниту во Општина Центар, ниту, пак, во Министерството за транспорт и врски. Иако пред околу четири години министерот Миле Јанакиески категорично ветуваше дека за една-две години Македонија ќе го реши проблемот со урбанистичкиот хаос во општините, до денеска малку е исполнето од ветувањето.

„Почнавме со зградата зад Градскиот стадион во Скопје, но продолжуваме понатаму. Градоначалниците постојано ни кажуваат каде уриваат нелегални градби, а Владата секои две недели на седници ќе дискутира за урбанистичкиот хаос во општините“, рече Јанакиески во ноември 2006 година, најавувајќи го стартот на војната на Владата со урбанистичката мафија.

Оттогаш минаа четири години. Навистина, тогаш почна да урива, но урна само 80-ина сантиметри од потпокривот на „Кинескиот ѕид“ и тука застана. Крена повеќе прашина со зборови отколку со чеканот. Оттогаш, како сите надлежни да кренаа раце од зградата. Дали некој во меѓувреме вршел инспекциски надзор, што е констатирано, дали ќе се преземат некакви санкции, бидејќи изградбата ги има пробиено сите законски рокови?

На овие и на други прашања, од Општина Центар ни рекоа дека ќе ни одговореле деновиве! Одговор не добивме ниту од Министерството за транспорт и врски. Оттаму ни беше сугерирано да се обратиме до Општина Центар, која согласно со Законот за градење врши инспекциски надзор за објектот.

Зградата во Градскиот парк почна да се гради во 2003 година на местото на некогаш култниот Кампинг во Градскиот парк во Скопје. Претходно привремените објекти на поранешниот „Феротурист“ на јавна лицитација ги купија Борче Ристески, газда на фирмата „МЏ Риком“, и Трифун Костовски, но тој уште веднаш се откажа од својот дел. Тогаш се зборуваше дека во игра е и некој инвеститор од Германија, кој бил еден од главните спонзори на ФК „Вардар“. Во тој период, со голема поддршка на поранешниот претседател Борис Трајковски, министерот за одбрана Владо Бучковски и тогашниот градоначалник Ристо Пенов, на инвеститорот му беше доделено и земјиштето по поповолна цена, се' со цел да му се помогне на ФК „Вардар“. Парцелата со површина од 7.385 квадратни метри беше купена за 1.500 денари квадрат, а купопродажниот договор го потпиша тогашниот министер за транспорт, Љупчо Балковски.

Проектот предвидуваше изградба на две катни гаражи на двата краја и спортско-рекреативен објект во средината, како и апартмани наменети исклучиво за фудбалерите на „Вардар“. Но, подоцна во неколку наврати се направени измени со кои катните гаражи се претворија во ламели со апартмани за продажба! Сите измени во проектот и во урбанистичките планови беа завршени во летото 2002 година, кога инвеститорот ја добил комплетната документација и веќе наредната година објектот почна да се гради. Факт е дека инвеститорот навреме ги имаше обезбедено потребните одобренија за зградата, но тоа беше под многу сомнителни околности, бидејќи намената на објектот не постоеше во ниту еден валиден урбанистички документ.

Изградбата почна во 2003 година со одобрение за градење деловен, а не на станбен простор. Инвеститорот уредно си плати комуналиите и тоа по цена за деловен простор, по 120 евра од квадратен метар. Бидејќи според стариот план за Градски парк од 1998 година, кој тогаш беше во важност, а подоцна беше коригиран во согласност со ГУП, но и со новиот и последен ДУП донесен во април 2004 година (значи една година по стартот на изградбата), на тоа место требаше да има деловно-комерцијални и услужни дејности.

Последен пат пред четири-пет години на седница на парламентот беше поставено п��атеничко прашање за случајот, а од тогашниот министер за транспорт, Џемали Мехази, беше побаран одговор за тоа кој ќе одговара за изградбата на „Кинескиот ѕид“. Мехази никогаш не одговори. Многу подоцна се јави Антикорупциската комисија со констатација дека ДУП за Градски парк е спротивен на ГУП, што значи п�� автоматизам дека се' што е градено според тој ДУП е нелегално, па за случајот се заинтересира и Јавното обвинителство.

Во меѓувреме, од проектот се повлече спонзорот на „Вардар“, а се појави нов германски инвеститор, браќата Османи од Ѓаковица, кои со години живееја и работеа во Германија. Се занимаваа со различни дејности, а нивниот капитал се проценуваше на повеќе од половина милијарда евра. Имаа разработен бизнис во Германија, Хрватска, Шпанија, Македонија и во Косово. Во Македонија работеа преку нивен претставник, кој поседуваше агенција за трансфер на фудбалери. Подоцна во Германија изби финансиска афера во која беа замешани Османи, банкари и некои германски политичари, по што еден од браќата заврши во затвор. Кој после ги наследи Османи во сопственоста на „Кинескиот ѕид“, остана непознато за јавноста во Македонија. Сега неофицијално се зборува дека газда на објектот е некој Босанец, кој преку свој адвокат ги продава апартманите по цена од 1.400 евра за квадрат. Како оди продажбата, каков е интересот, дали и колку станови се продадени досега, не се знае. Тоа очигледно не е интересно за надлежните, како општински, така и државни органи, кои е евидентно дека ја изгубија војната со урбанистичката мафија.


#
Статијата е прочитана 3345 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 06.09.2010 12:27:26
Види го ти ова,градбата почнала 2003 год. а ДУП бил сменет 2004 год.а го граделе по желба на оние кој никогаш ништо не направиле како треба.Е сега авторката споменува урбана мафија,вероватно е онаа на власта,затоа што тогашната виножитна-помодрена власт не ги бивало за градба а не за форсирање урбана мафија.
Од: вераг
Датум: 06.09.2010 12:46:28
Дека државните органи ,како и општинските, ја изгубиле вокната со мафијата, не би се сложила. Напротив,ја добија војната, бидејќи мафија е затоа што јриминалците се во спрега со политичарите што значи постигнаа што сакаа без никакви последици.,
Од: јас
Датум: 06.09.2010 13:05:36
Среќко , ај не биди многу среќен со твоите плукања зошто сега ќе те демантирам со зградата Македонија 2 во Прилеп.Почна да се гради ДАЛЕЧНАТА 2001 година , гога шефот на твојот сегашен шеф тураше темели на оваа зграда ( оттаму на твојот шеф му дојде навиката да „лопатари “ за секоја дупка, селско чешмиче, клозети исл)..Да не должам , сега е септември 2010 , а зградата ЗА ЖАЛ НЕ Е ЗАВРШЕНА !!!! А ја гради , кој друг ако не , другар му на твојот шеф , Миле , односно неговата подружница во Прилеп, ЈП за стамбен и деловен простор...Како и да е , оваа година , оваа зграда нема да ги прими своите станари !!!
Од: Феличита
Датум: 06.09.2010 13:07:08
Виножитниот пак е неиформиран!ДУП го носи општината.Градоначалник беше Аларова (ДПМНЕ)!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 06.09.2010 13:22:14
Околу градбава постојано се работи,но едно е сигурно: Во спомениците на Урбаната Мафија,ќе се приклучат и зданијата поред Вардар,Катните Барокококни Гаражи,но и Куќата на Вештерката од бајката за Ивица и Марица,наречена „дом на Мајка Тереза“,мостот „Око“,посветен на „Еднооки-Безоки“ Лавовите-Роботи,Симба и Скар и т.н...но и „реставрациите“(поточно нагрдувањата) на Камениот Мост,на Калето... „Кинескиот Ѕид“е изграден во име на фудбалерите,останатите „Ѕидини“ се градат во име на народот...Паричките,одат во име на Функционерите!
Од: Благоја
Датум: 06.09.2010 15:35:08
Колку кратко паметење има овој народ?!...Зарем толку брзо ја заборавивте извесна Аларова-Доларова,која правеше чуда во Центар,по партиски налог!?
Од: redovna citatelka
Датум: 06.09.2010 22:48:57
Aman od istorija! Taa bolest da se rasprava sto bilo porano ja rasirija politicarite, a narodot nikako da ja prelezi! Akcija, treba da prezemat tie sto se SEGA na vlast!.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Опомената на „Илинден“
Мајка Тереза е патоказ на мирот и љубовта
„Kaтимерини“
Пинсон му ја зеде титулата на Сарчиево за гравчето
Милениумски развоjни милjи
Банките не се плашат за заштедите
Големи зборови од мали политичари
Проклетството на последните минути
Французите ставија паралела меѓу расизмот и саркосизмот
Карикатура
Лозарите започнаа со протести
Македонија меѓу најрелигиозните држави
Стил 1
Балканот во ЕУ дури во 2023 година?!
Лозарите започнаа со протести