Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Балканот во ЕУ дури во 2023 година?!

Унијата не им ја возвраќа љубовта на балканските земји

Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и БиХ сакаат да станат членки на ЕУ колку што е можно побргу. Но, земјите од Унијата се' помалку ја возвраќаат оваа љубов. Само Хрватска, која веројатно наскоро ќе ги заврши пристапните преговори, може да се надева на прием во 2012 или во 2013 година. Другите балкански земји можеби ќе чекаат до 2023 година, проценува Австриското радио ОРФ.

Кога црногорската министерка за евроинтеграции, Гордана Ѓуровиќ, пред своите колеги од европските земји го отвора прашањето за следните чекори за прием на Подгорица, добива одговор дека сега не е вистински момент за таа тема. „Сега се наоѓаме во услови на економска криза. Колкав е, всушност, капацитетот за прием на нови членки на ЕУ? Не сега, треба да поминат избори во земја-членка на ЕУ“. Ова се најчестите изговори и одговори кои таа ги слуша од Брисел.

Петер Балаш, поранешен министер за надворешни работи на Унгарија и поранешен еврокомесар, кој сега го раководи Центарот за студии за проширување на ЕУ на Централниот европски универзитет во Будимпешта, го потврдува тоа: ���Оној што сака да победи на изборите, не треба да ја отвора темата проширување. Постои извесен распространет замор од проширувањето, скепса кон балканските земји не само кај населението, туку и кај политичарите“, вели Балаш.

Ерхард Бусек, претседател на форумот Алпбах и поранешен координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, не спори дека проширувањето е во застој, но тврди: „Тоа, всушност, нема врска со балканските земји, туку се работи за момент по Лисабонскот договор, внатрешна неспособност на ЕУ за донесување одлуки. Се' уште не е ’сварен‘ Лисабон и ЕУ се обидува најпрво самата да се среди,“ тврди Бусек.

Уште колку долго ќе треба да чекаат Србија, Црна Гора, Косово, Македонија, Албанија и БиХ? Поранешниот унгарски министер за надворешни работи, Петер Балаш, вели: „Секое проширување доаѓа по околу десет години по претходното. За догледно време не гледам шанса за проширување со повеќе од една, две земји“, вели Балаш, одговарајќи со „можеби“ на прашањето на новинарот дали тоа би биле Хрватска и Исланд, по чиј прием би следувала пауза од десетина години. Тоа би значело дек�� следната рунда проширување со балканските земји би била дури во 2023 година.

Црногорската министерка Ѓуровиќ, пак, истакнува: „Подгорица се надева на прием во ЕУ до 2016 година. Оние земји што ги исполниле условите треба да бидат примени, тоа е фер. Членството во ЕУ не е волшебно средство. Постојат други патишта за стабилизација на една влада, како што се - трговски односи, сообраќај, инфраструктура, визна либерализација“.

„Овие предлози, сепак, се премногу едноставни“, смета Бусек. Европа, според него, не смее да се извлекува од одговорноста за Балканот. Но, овој став моментно во ЕУ малкумина

го делат. (Дојче веле)

 


#
Статијата е прочитана 1706 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 06.09.2010 12:14:39
Пази богати,2023 год. прием според австријците,тогаш што мајка се трудиме да докажуваме колку сме кооперативни,да се мачиме со името и совладување други безвезни пречки за влез во ЕУ.Сега имаме верба во ЕУ околу 65% тогаш ќе имаме 6,5% доверба, следствено на долгорочноста на чекањето.
Од: jovan
Датум: 06.09.2010 12:42:11
Znaci ima vreme
Од: Ајван Доктор®
Датум: 06.09.2010 12:46:14
Ете,каква среќна околност!„Пастирот“ штотуку побара уште еден (до неколку) мандати,бидејќи еден,му бил како Ниеден.Всушност,сакаше да каже дека 6 (Шест)години би биле прекраток рок за стрижење на овците и дека неговата желба е да остане доживотен Премиер на Недојдија!Барем до 2023...24..2064... Сè додека не нè внесе во ЕУ и НАТО!Бајката за убавината на животот ни ја дооформуваат ваквите оптимистички (Реални) „љубовни“изјави,кои го распрснуваат „нашиот“сон од Сапуница!Сецесијата,извршена во име на Европското „обединување“,стана залуден напор на „патриотите“!Ветениот период за брза интеграција („до 1996“-велеа Циле & Co) стана најдолгиот о^д по маките,вечна незавршена приказна!
Од: европеец
Датум: 06.09.2010 13:16:51
Не знам зошто воопшто се чудиме? Со ваква свест и совест, 2023 г. е доста брзо. Јас се’ си мислев дека ќе не’ примат некаде околу 2110 г., на стогодишнината од поставувањето на лавовите за да се одбележи едно лудило.
Од: gocemakedonski
Датум: 06.09.2010 13:29:06
Makedonija i drugite balkanski drzavi vo 2023 godina ke vlezele vo E U .A se prasuvam dali togas E U ke postoi .Postoese SFRJ SSSR ,se raspadnaa,pod "evroposka"direktiva.Taka i evropa ke se "raspadne" Ovie zemji treba da prifatat toa sto e pozitivno od E U .a nasata Makedonskata vlada da ne brza ,sto e nase ke si dojde.Socuvajtego imeto !
Од: makedonce
Датум: 06.09.2010 13:41:34
treba pogledot da go vrtime nakaj rusija eu ke ja snema do 2023
Од: igor
Датум: 06.09.2010 13:49:14
А и да не влеземе не е битно. битно е што ги отворија границите и што ќе може да се отиде и да се види како е „таму„ и како треба да се однесуваме дома во секој поглед почнувајќи од културата во сообраќајот, плаќањето даноци, чекањето во ред и.т.н.
Од: анонимус
Датум: 06.09.2010 15:07:05
@makedonce од тие твои истомисленици со став "da se svrtime nakaj rusija" нема ни во2023 да влеземе во ЕУ, а најтажно од се е што и претседателот спаѓа во нив... а и нема потреба да се "вртиме" накај русија веќе сме таму - цензура, пропаганда и корупција колку сакаш и монопол на криминалот од тајните служби. Само кај нас на 1 маса може да бидат убиени полицаец, дилер и лихвар (звучи како виц)
Од: Ekpsresen vlez vo EU
Датум: 06.09.2010 15:32:54
Toa ne vazelo a Makedonija. Otkako evroppjanite go slusnale izlaganjeto na Grujo za uspesite na Vladata vo tekot na cetvorogodisnoto vladeenje, se frapirale od cudo i donesle odluka pod hitno i ekpresno da ne primat i vo NATO i vo EU , bidejci so ovie frapantni uspesi koi gi prezentirase Premierot nie ne samo sto sme postignale kriteriumi za vo EU tuku i za na Mars. Sto znam mozebi podobro e da ja odbereme vtorava opcija. Ajde site na Mars , pa tamu da mu izgradima lavovi i drugi nevideni senista,
Од: ГЛАСАЈТЕ ЗА БЦ
Датум: 06.09.2010 15:47:09
Гласајте за БЦ и веднаш ке влеземе во ЕУ и НАТО.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Опомената на „Илинден“
Мајка Тереза е патоказ на мирот и љубовта
„Kaтимерини“
Пинсон му ја зеде титулата на Сарчиево за гравчето
Милениумски развоjни милjи
„Кинескиот ѕид“ споменик на урбанистичката мафија
Банките не се плашат за заштедите
Големи зборови од мали политичари
Проклетството на последните минути
Французите ставија паралела меѓу расизмот и саркосизмот
Карикатура
Лозарите започнаа со протести
Македонија меѓу најрелигиозните држави
Стил 1
Лозарите започнаа со протести