Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Проклетството на последните минути

Македонија поразена од Словачка со 1:0 на стартот на квалификациите за ЕП 2012 со гол постигнат во втората минута од продолжението

Од нашиот известувач Сашко Ѓ. Димовски

„Добивме натпревар што можевме да го загубиме“, рече словачкиот селектор Владимир Веис по триумфот на неговите момчиња над Македонија со 1:0 на стартот на квалификациите за Европското првенство во 2012 година. Радоста за домашните стигна во втората минута од судиското продолжение, погоди Холошко, гол што веројатно го посвети на новородена ќеркичка, но за селекторот во знак на благодарност што веруваше во него и му овозможи неколку слободни денови во текот на подготовките за да биде со неговото семејството.

За нас остана проклетството на последните минути, но најновото од Братислава е болно како ретко кое досега. Во текот на целиот натпревар одлично се поставивме и му париравме на осминафиналистот од СП во Јужна Африка, селекција што успеа да ја елиминира Италија меѓутоа и селекција која во петокот на „Пасиенки“ не одигра ништо. Ќе рече некој дека на крајот се гледа резултатот и точно е тоа, меѓутоа не смее да се заборави дека знаевме што сакаме во словачката престолнина, имавме концепција, а за жал, се' што градевме во 90 минути се урна во еден момент. Голема, можеби, и клучна улога во неа имаше и главниот судија, Чирчета од Швајцарија, кој му додели втор жолт картон на Ванче Шиков (остана нејасно дали поради симулација или враќање на тревникот без негова дозвола, но како и да е малку и наивно од нашиот дефанзивец), момент дури и за Веис беше малку чуден како што рече по мечот. Со Шиков кон соблекувалната беше испратен и нашиот селектор Мирсад Јонуз иако тој влета во теренот да ги раздвои играчите на обете селекции. По мешаницата на теренот, падна концентрацијата кај македонските репрезентатвци по што следуваше нафрлување на Штох и реализација на Холошко по втрчувањето од зад грб на Новески.

„Наместо селекторите или играчите да одлучуваат натпревар, централна фигура овојпат беше судијата. Како да чекаше момент да не' оштети. Словачка има добра репрезентација, со поединци кои играат во силни европски клубови и лиги, ваква помош не и' е потребна“, видно револтиран рече Јонуз по мечот и продолжи:

„Ние поставивме игра со која во текот на сите 90 минути ја имавме контролата на теренот иако можеби привидно Словаците го имаа тоа. Можевме први да го отвориме резултатот преку брзите контри и полуконтри и добрата трансформација од одбрана во напад. Го повлеков Тричковски, го уфрлив Грнчаров за да го затворам мечот и кога требаше да заврши 0:0, се случи кобниот момент. Се' уште не ми е јасно зошто беше исклучен Шиков, уште помалку јасно ми е зошто и мене ми беше покажан црвен картон кога влегов само да ги раздвојам фудбалерите“.

Македонските репрезентативци повеќе беа ориентирани кон својот гол отколку кон противничкиот. Добро се движеа по теренот во најголем дел од натпреварот, фудбалерите од средината и нападот беа ставени во ��ункцијата на одбраната, на помош на Шиков, Митрески, Новески и Попов. И може да се каже дека одлично се снаоѓаа во таквата ситуација. Се до кобниот момент Шиков добро се држеше на десната бековска позиција, неприродна за него, за која во новиот квалификациски циклус влетавме без вистинско решение. Јонуз не го повика Лазаревски, Тодоровски заедно со Стојков, Алими и Тофилоски отпадна од комбинација и мечот со Словачка го проследи од трибините. Но, работата не ја завршивме до крај иако требавме, моравме и можевме и заслуживме барем бод против анемичните Словаци. Пандев, Георгиевски, Тричковски се заканија во неколку наврати, неправедно беше прекината една наша контра на средината на теренот во второто полувреме (имавме ситуација за три на три), но Муха беше спасителот на домашните, посебно во 70 минута при ударот на Пандев. Веис воочи дека нема лесни бодови, па последните 15-тина минута ги одигра со дури четворица напаѓачи, а ние моравме подобро да ја затвориме десната страна бидејќи Штох оттаму упати неколку нафрлени топки. Во тие моменти за беше императив да издржиме. Оправдана ќе беше и груба игра и уште некој жолт или црвен картон, казни што ќе се одлежеа во мечевите со уште лимитираната Ерменија и аутсајдерот Андора и ќе бевме комплетни за Русија на 12 октомври во Скопје, последниот евро-квалификациски испит за Македонија во оваа година. Вака останува само да жалиме за словачката нула, да извлечеме поука од киксот во продолжението од циклусот кој е на почеток и се' уште ништо не е загубено.

„Пријатно сум изненаден сум од Македонија. Тие одиграа многу дисциплинирано, трпеливи беа во текот на целиот натпревар. За среќа ние победивме со гол во последната минута. Ја имавме поддршката од голманот Муха кој во неколку ситуации го спаси голот. Ова ќе биде тешка група, а патниците за Полска и Украина ќе се одлучуваат на теренот во Скопје“, рече Веис на пресот.

Шанса за рехабилитација нашите репрезентативци ќе имаат веќе утре вечер и тоа на националната арена „Филип Втори“ во Скопје против селекцијата на Ерменија.

Словачка - Македонија 1:0

Полувреме: 0:0. Стадион: „Пасиенки“ во Братислава. Гледачи: 6.000. Главен судија: Клаудио Чирчета. Помошници: Карлес Хелблинг и Бит Хидбер (сите тројца од Швајцарија). Жолти картони: Шкртел, Штох (Словачка) - Шиков, Деспотовски, Нурединовски, Пандев (Македонија). Црвени картони: Шиков, Јонуз (Македонија). Стрелец: Холошко во 90+2 минута за Словачка.

Словачка: Муха, Пекарик (Силвестр '90), Шкртел, Салата (Кучка '77), Хубочан, Штрба, Веис јуниор (Јендришек '62), Хамшик, Сапара, Штох, Холошко. Селектор: Владимир Веис.

Македонија: Нурединовски, Шиков, Новески, Митрески, Попов, Георгиевски, Деспотовски (Лазевски '74), Шумуликоски, Тричковски (Грнчаров '80), Пандев, Наумоски (Ристиќ '61). Селектор: Мирсад Јонуз.


#
Статијата е прочитана 2186 пати.

Испрати коментар

Од: amet
Датум: 06.09.2010 13:34:00
bRAVO ZA SLOVACITE. so takva igra kako sto igrase makedonija 90 min,pa toa ne e igra,toa e brkanje niz terenot. E pa pak neka se branat nasive i pak na kraj ke izgubat,kako sto e i mnogu pati sluceno. so ilco naumoski vo napad nisto ne prajme. neka zaigra ednas ristic,pandev,stojkov ili trickoski vo prva postava,kakvi kvaliteti ima toj ilco naumoski koj igra godini vo austria,a samo sto ke dojde na topka malku da go turnat odnazad ili bilo kako ke padne,namesto da sutira na gol ili da se probiva barem do gol,so nego nisto ne biduva. gorgievski,sumolikoski kako da gi nema vo reprezantacijava,namesto da dodavaat topki da se probivaat napred tie se vrakaat nazad. kakva reprezentacija imame koga napagaci nemame od kalibar na pandev,sreden red nikakov so despotoski koj nema nitu eden natprevar poslednive meseci,sumolikoski koj ne e bas vo forma,gorgievski sto ne znae edna edna topka da sutne ko sto treba,a za odbranata nemam zboroj super si ja vrsat svojata zadaca.
Од: RND
Датум: 06.09.2010 14:27:24
Nisto novo. Psihicki sme spremni ko zabavacinja i posle sudijata ni e kriv. Sekogas nekoj drug e kriv. Vo momentite koga go primivme golot jas i nasite pocituvani reprezentativci praveme edna ista rabota - GLEDAVME FUDBAL!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Опомената на „Илинден“
Мајка Тереза е патоказ на мирот и љубовта
„Kaтимерини“
Пинсон му ја зеде титулата на Сарчиево за гравчето
Милениумски развоjни милjи
„Кинескиот ѕид“ споменик на урбанистичката мафија
Банките не се плашат за заштедите
Големи зборови од мали политичари
Французите ставија паралела меѓу расизмот и саркосизмот
Карикатура
Лозарите започнаа со протести
Македонија меѓу најрелигиозните држави
Стил 1
Балканот во ЕУ дури во 2023 година?!
Лозарите започнаа со протести