Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Лозарите започнаа со протести

Министерот за земјоделство викендот беше во Тиквешијата, но не им порача ништо ново на лозарите

Ангел Данов

Неготино - Производителите на грозје од Неготино и од Кавадарци вчера започнаа со најавениот протест. Ја блокираа винарската визба „Повардарие“, а блокади поставија и на излезот од Неготино кон автопатот. Разочарани се од репризата на нивните проблеми. Велат дека државата нема слух за нивната мака.

Протестираат затоа што не им е исплатено ланското грозје, но и поради депресивните и понижувачки цени за откуп на годинашниов род. Висококвалитетното грозје им се откупува по само 8 денари за килограм, а за откуп на најмасовно застапените сорти „смедеревка“ и „вранец-кратошија“ во оптек се цени од 4 до 6 денари. Сметаат дека годинава добија удар што ќе го уништи лозарството. „Нека се изнесе грозјето штом се полни подрумите. Нека се отворат границите да го дадеме грозјето надвор. Да ги пуштиме Хрватите, сите што сакаат грозје, нека дојдат и Бугарите“, вели Ване Анастасов, лозаропроизводител.

Од вчерашниот теле��онски разговор со министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, добиле уверување дека преработувачите ќе бидат повикани на нов состанок во Министерството денес и ќе им биле пренесени барањата на лозарите. Блокадите ќе останат се' додека производителите на грозје не добијат позитивни резултати од преговорите со визбите и со Министерството.

Ако нема поволна повратна информација, блокадите ќе се прошират и на автопатот Неготино - Гевгелија, но и ќе го радикализираат протестот. „Нема да ги пуштаме децата на училиште“, се заканија лозарите. Вчера не се пропушташе ниту едно возило. Речиси еден час во блокадите беше заглавено и возило на АРМ кое требало да замине на воениот полигон Криволак. Имаше и нервозни возачи, па во повеќе наврати постоеше можност да дојде до ескалација на состојбата.

Лозарите добија поддршка за протестот и од градоначалникот на Неготино, Пане Трајков, од претседателот на Советот на Општина Неготино, а присутни беа и претставници од сите советнички групи во Советот. Лозарите искажаа недоверба спрема лидерот на „Агротиквешија 2002“, Љупчо Аризанов, и сметаат дека тој не може да помогне во решавањето на нивните проблеми.

Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, во саботата беше во посета на Кавадарци, но не им порача ништо ново. Тој рече дека не треба да се решаваат проблемите со протести. Смета дека петнаесетте милиони евра што ги издвојува државата за субвенции во лозарството се од големо значење за лозарите и дека се правеле напори субвенциите да стасаат до лозарите во пократок рок за разлика од лани, кога се исплаќаа кон крајот на годината.

Министерот повторно ги изнесе проблемите со кои се соочуваат винарските визби. „Македонија е дел од глобалниот свет и ги чувствува последиците од кризата. Една од последиците беше ударот врз виното. Голем дел од консументи се откажаа од овој производ. Од надлежните институции од ЕУ имаме податоци дека се купуваат поевтини и понеквалитетни вина, со што на директен начин е засегнато и македонското вино, кое имаше традиционални пазари во ЕУ. До средината на февруари бевме комплетно блокирани како извозници на вино на пазарот во Германија. Почувствувавме конкуренција од Јужна Америка, Јужна Африка, Австралија и од Нов Зеланд. Тие имаат висок квалитет на вина, а ниски цени, на кои нашето вино не можеше да им конкурира“, рече Димовски во триесетминутното образложение пред новинарите за актуелните состојби и проблеми во лозаро-винарството. Тој потсети дека македонските винарници се соочуваат со резерви на вино од 90 милиони литри, поради што и Министерството ја предложило до Владата мерката за подршка на винарските визби, кои ќе откупат над 65% од ланските количини грозје, да бидат субвенционирани со пари од Програмата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

„Знаеме дека визбите не се во можност да извршат откуп на ново грозје. Нивните танкови се полни со вино, но имаат и трошоци за адаптирање на други танкови поради што мораше да бидат стимулирани“, нагласи Димовски. На информацијата од новинарите дека актуелната владина мерка за подршка на визбите не е атрактивна за дел од визбите, првиот човек на ресорот за земјоделство рече дека тој и Владата немале таков впечаток. Тој смета дека во земјава имаме неповолна структура на насадите. „Помалку од 20 отсто се трпезни сорти, а речиси 80 отсто вински. Со трпезното грозје немаме проблем, за разлика од винското“, рече Димовски. Тој категорично демантираше дека на состанокот во Министерството лозарите дале каков било предлог за цена по која би се откупувало грозјето. Наспроти ова, од „Агротиквешија“ деновиве тврдеа дека му понудиле на министерот „кратошијата“ да се откупува по 13 денари, „смедеревката“ по 10, а висококвалитетните сорти по 16 денари.




#
Статијата е прочитана 1270 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 06.09.2010 14:13:19
Сус, лозари. Вас некој ве организирал, а? Си ги барате својте пари? Срамота. Нели чувте некни од нашиот омилен водач, два сати, какви успеси имаме, а вие пак се буните. Стрпете се уште некоја деценија, додека се оствари преродбата. Онаа, проширената и надоградената!
Од: Kavadarci
Датум: 06.09.2010 14:21:28
Pretsedatelot na Agrotikvesija e prilicno neuk covek koj vo najgolema mera se trudi da gi zadovoli svoite sitni interesi (zet, kerka i sl.). Celoto negovo familijarno okruzuvanje se clenovi na VMRO uste od 95 godina, pa ne ocekuvajte deka toj mnogu ke se zalaga bas za grozjeto, site negovi se vraboteni vo drzavnata administracija i tuka e glavnata pricina poradi koja toj covek e premnogu ranliv za ovaa pozicija koja sto sega ja ima. Inaku moj redlog za resenie na situacijata e mnogu poradikalen nastap, inaku ova istoto se slucuva sekoaj godina.
Од: RND
Датум: 06.09.2010 14:35:53
Ne ja procitav statijata ama sakam da kazam deka SDSM se krivi. (ako ne se lazam tie se krivi za se :)))
Од: забеган.
Датум: 06.09.2010 15:20:42
Ајде бре преродбеници кога можевте на Тутунарите да им дадете премија по 60 денари,Дајте им и на лозарите барем по 5 денари.Е калимеро нема правда,Се фалете кога за тутунот има побарувачка,Кајсте кога не оди????.
Од: dimi61
Датум: 06.09.2010 17:22:10
Абре неук министер, не кажувај прикаски за тоа како им е тешко на винарите имало евтино вино од Јужна Африка и ред глупости.Кажи каде во светот има грозје по 4 ден.кг.Туку лапате пари од винарите и затоа ги штитите нивните интереси.Зошто не го понудивте грозјето во странство , по оваа цена кој нема да го земе.
Од: Aristid
Датум: 06.09.2010 18:59:48
Abre barem vinoto da poevtini, a toa se poskapo i poskapo.
Од: kris
Датум: 06.09.2010 23:27:24
Овој проблем Груевски најлесно ќе го реши............ Ќе фрли ЛОПАТА на камен темелникот на Богот на виното Бахус.... и решен проблем ??!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Опомената на „Илинден“
Мајка Тереза е патоказ на мирот и љубовта
„Kaтимерини“
Пинсон му ја зеде титулата на Сарчиево за гравчето
Милениумски развоjни милjи
„Кинескиот ѕид“ споменик на урбанистичката мафија
Банките не се плашат за заштедите
Големи зборови од мали политичари
Проклетството на последните минути
Французите ставија паралела меѓу расизмот и саркосизмот
Карикатура
Лозарите започнаа со протести
Македонија меѓу најрелигиозните држави
Стил 1
Балканот во ЕУ дури во 2023 година?!