Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Големи зборови од мали политичари

Ана Павловска-Данева

Што сака да порача збунетиот министер за одлуката на СДСМ околу Деловникот

Старите добри „Биџис“ имаат една прекрасна балада, која се вика „Зборови“. Тие веруваат дека зборовите можат да бидат единствен и истовремено силен извор за опстанок на врска доколку не постои можност за размена на поинаков вид љубов, нежност, грижа. Тоа дека можат да бидат компензација за сето она што се сака да се направи со дела, а е невозможно. Можеби ова е реалност за поединци и нивните односи, но во политиката, конкретните дела не можат никако да бидат заменети со зборови. Без оглед на тежината на зборот, тој нема да има никакво значење ако е ставен надвор од секаков контекст и не е проследен со акција и резултат. А, токму тоа се случи, со зборовите на власта искажани по соопштувањето на последната политичка одлука на СДСМ.

Кога одредена политичка партија ќе одлучи да го жртвува потесниот партиски интерес заради реализирање повисоки државни цели, тогаш тоа е доблест која како исклучителна реткост на македонската политичка сцена мора да се признае и поздрави, дури и од страна на најлутиот политички противник. Секоја спротивна постапка и реакција само ја девалвира вредноста на негаторот, ги потенцира неговиот страв и несамодоверба и ја истакнува неговата незаинтересираност за националните приоритети. Доколку последниве постапки ги направи политичката партија на власт, издигнувајќи го партискиот прагматизам над интересите на државата и своите граѓани, тогаш работите се многу полоши отколку кога опозицијата покажува неконструктивност и одбива соработка со власта.

Таква состојба имаме деновиве откако СДСМ соопшти дека ќе помогне во подобрување на политичкиот дијалог во државата за да се исполни барем оној услов за добивање позитивен извештај од Европската комисија во кој реално опозицијата може да даде придонес. Но, наместо одлуката за враќање на пратениците на СДСМ на собраниските координации и за изгласување на собранискиот Деловник да биде поздравена и, секако, искористена во државен интерес од страна на власта (како што веднаш го стори тоа Брисел), како коментар добивме само бледа, безначајна и конфузна изјава од еден ист таков владин министер, кој се обиде на јавноста да и' објасни нешто сосем ирелевантно за конкретната работа: дали претседателот на СДСМ бил мал или голем политичар!?

Од овие празни зборови неколку работи станаа уште понејасни отпорано: како да се земе за сериозна изјавата за големината и значењето на делата и постапките на поранешен шеф на држава и претседател на влада ако е таа дадена од министер чие единствено поранешно работно искуство е портпарол на политичка партија, министер кој до пред министерувањето никогаш претходно немал можност, ни одговорност да раководи или управува ниту со најмала група луѓе, немал можност да донесе одлука која има правна важност барем за поединец, а не, пак, одлуки за целата нација? Тоа е исто како штотуку описменет основец да посака да рецензира лектира, пред да се обиде да напише и најкус состав.

Што сака да порача збунетиот министер со констатацијата дека Црвенковски влијаел врз одлуките на пратениците од СДСМ (имајќи предвид дека е претседател на партијата и дека политичките одлуки за дејствување на партијата ги носат највисоките органи на самата партија, што е логично, легитимно и политички исправно)? Подобро ќе беше пред само два месеца, тој или некој негов колега, да ни објаснеа во кое својство премиерот веднаш по донесувањето закон (Законот за извршување) изјави дека ќе го суспендирал. И како тоа навистина претседателот на Владата успеа да суспендира закон на Собранието?

Некои работи нужно треба да ги разјасниме. Како ќе гласа пратеникот во законодавниот дом треба да зависи од волјата на неговите избирачи. Прв приоритет на секој пратеник при носењето на законите треба да биде интересот на граѓаните што го избрале за свој претставник. Но, кога една пратеничка група креира политика на дејствување, кога опозицијата врши избор од повеќето политички механизми за влијание врз власта што и' стојат на располагање, секако дека тоа го прави во консултација со највисоките органи на својата партија, бидејќи тогаш станува збор за реализација на партиските цели и идеологија. Реткост е на македонската политичка сцена интересот на мнозинството граѓани, односно јавниот интерес да се става над партиските цели и програми, затоа ваквите постапки треба да се поздрават. Овие работи мора да му бидат познати на еден министер кој се образувал токму во областа на политичките науки.

Од друга страна, треба да му биде познато и тоа дека кога премиер ќе ги свика на давање отчет градоначалниците од својата партија, тогаш имаме кршење на демократските вредности, на принципот на децентрализација на власта, на локалната самоуправа како темелна уставна вредност. Тогаш теснопартиските интереси се ставаат над интересите на локалната заедница.

Кога премиерот ќе каже дека ќе суспендира закон (и нема да остане само на зборови, туку навистина ќе го суспендира), тогаш имаме грубо кршење на принципот на владеење на правото, на принципот на поделба на власта и се добива груба и брутална супремација на егзекутивата врз легислативата. Тогаш имаме концентрација на целокупната власт и моќ во рацете на еден човек. Министерот сигурно учел дека сето тоа води кон автократија и тоталитаризам.

Но, добро. Сакале некои да признаат или не, чекор напред кон добивање позитивен извештај во ноември е направен. Политичкиот дијалог е обновен. Граѓаните не ги интересира дали го сторил тоа мал или голем политичар. Останува министрите, не со зборови, туку со мерките што ќе ги преземат за деполитизација и департизација на јавната администрација, со средствата со кои ќе обезбедат независност на судството и спречување на корупцијата да ја покажат својата големина. Или маленкост, од нив сега зависи!

(Авторката е професорка на Правен факултет)


#
Статијата е прочитана 1762 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 06.09.2010 12:31:51
Ништо чудно што е збунет министерот,збунета е јавноста а посебно вашето членство од акробатики напред назад.Имаме прво сериозна партија која одбива да и диктира власта визави деловникот, консултациите и комисијата за контрола.По 3-4 месеци кротко прифаќање на се она што беше одбиено.Кога била сериозноста партиска тогаш или сега,по мене никогаш.
Од: Добре
Датум: 06.09.2010 12:31:53
Браво Ана. Само така продолжете. Супер ви се колумните.
Од: Ivo
Датум: 06.09.2010 12:53:34
Aman so teorija! Site opravdani revolti vo drzavata na site kategorii nezadovolnici , redovno se se "klasifuiciraat" kako partiski dirigirani od opozicijata od politicki pricini! Toa e tocno samo nekolku posto, kolku sto partiite uspevaat da ubrljaat so revoltot. Realno , revoltot e opravdan ! So samoto toa sto revoltiranite ne sakaat da ja prezemat vlasta, otpagaat sekakvi politicki pricini! Poveke od pola Makedonija ima socijalni pricini, pa zatoa nitu glasaat nitu se vraboteni, nitu im e gajle za partiite!A instituciite kako ne-funkcioniraat ,blagodarejki na partiskite mrezi, toa e drugo prasanje
Од: вераг
Датум: 06.09.2010 12:59:49
На министерот подоброќе му беше да молчи кога не смее да каже нешто добро за позитивен чекор на противникот. Дека со ова Црвенковски покажал дека тој одлучува за се,не е ништо поинакво од тоа што го прави неговиот Груевски.БВарем ова го знаат и малите деца- нема поголен дитатир од Груевски.
Од: Zoran
Датум: 06.09.2010 13:05:04
Srecko, Srecko ti si vo pravo. Treba da se zapazuvaat svoite principi. Pa imame primer od tvoite. Tie navistina ne menuvaat stavovi. Kako sto e vetuvanjeto za ponistuvanje na teritoprijalnata podelba, ili koaliciranje so ONA, ili makedonski jazik od prvo odelenie, ili ceslanje na privatizacijata i tn i tn. Da ne nabrojuvam poveke, spisokot bi bil beskraen.
Од: Феличита
Датум: 06.09.2010 13:15:59
А Среќко е најзбунет! СДСМ направи вмровски потег!
Од: Јован АН
Датум: 06.09.2010 13:39:36
Какво е тоа жртвување на “потесниот партиски интерес“ кога се тврди дека ќе биде прифатен “било каков(!) Деловник што ќе го предложи Владата“.Ова потсетува на еден друг маалски штос од пред некое време:-Ние ќе прифатиме било кое име (!) за кое ќе се договори Владата!!!(б.ц.).Значи,може и Тунгузија!
Од: demokrat
Датум: 06.09.2010 14:59:36
Hahaha... ova e veke smesno. Po tolku godini prodavanje magla, edinstveno Branko ima moc da gi hipnotizira del od makedonskite novinari. DPMNE e naleku od mojata zamisla za vlast, no citajki vakvi tekstovi ednostavno me terate da ja branam vlasta. Zarem povtorno Branko e spasitelot. Tekstov ne e smesen, toj e poveke od smesen. Ana, kade bese 1992 da napises so kakvo iskustvo togasniot 29-godisen Branko ja prezede premierskata funkcija. Ovoj covek 20 ne laze vo oci( za edna miniuta ke vo nabrojam 20 seriozni lagi iskazani od ustata na Branko), a eve pak se naogaat novinari koi bi mu dodelile Nobelova Nagrada. Smesno...!
Од: Благоја
Датум: 06.09.2010 15:01:01
Брилијантна статија!Толку едноставна,јасна и силна.Браво!
Од: забеган.
Датум: 06.09.2010 15:31:00
Што сакал да порача збунетиот Министер.Па и самиот не знае се најде во Небрано сиротчето.Одличен текст петка за новинарката.
Од: За џуџињата
Датум: 06.09.2010 16:14:14
Типично за малите, по душа, луѓе. За да изгледаат поголеми, омаловажуваат се што им сти на патот до реализацијата на целта. Да не беше истиот министер кој за Конески рече дека е џуџе? Кутриот тој, мислам министерот. Ама, кога му застанале на патот до целта, разнебитувањето на единствената држава на македонскиот народ.
Од: redovna citatelka
Датум: 06.09.2010 23:06:13
Sekoja cest Ana!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Опомената на „Илинден“
Мајка Тереза е патоказ на мирот и љубовта
„Kaтимерини“
Пинсон му ја зеде титулата на Сарчиево за гравчето
Милениумски развоjни милjи
„Кинескиот ѕид“ споменик на урбанистичката мафија
Банките не се плашат за заштедите
Проклетството на последните минути
Французите ставија паралела меѓу расизмот и саркосизмот
Карикатура
Лозарите започнаа со протести
Македонија меѓу најрелигиозните држави
Стил 1
Балканот во ЕУ дури во 2023 година?!
Лозарите започнаа со протести