Во Охрид стартува уметнички фестивал УФО
Во Охрид, во организација на Центарот за културен проток „АРТерија“, од вечерва почнува уметничкиот фестивал УФО, што ќе трае до 21 јуни. Овој четиридневен настан ќе се одвива на отворено и опфаќа повеќе видови уметничко-културни настани. Изведбите ќе се одвиваат пред Центарот за култура и „Григор Прличев“.
Програмата на УФО нуди цртање граф��ти, проекција на филмови, инсталации, рецитали, како и музичка поддршка. Учесници се селектирани млади уметници од државава од повеќе области. За филмските проекции е направена соработка со скопското здружение „Компресор 3КТ“, на кои ќе учествуваат македонските режисери Ѓорѓи Јаневски, Иван Ивановски и Јане Алтипармаков.
Отворањето ќе се случи со авторски перформанс на „АРТерија“ насловен „Залепи се! (Културна вакцинација)“, кој воедно претставува визуелно и симболично претставување на групата и нејзините цели. Ќе се одржат и перформанси на Даниел Коцев, Ненад Јолдески и Јован Наумовски, инсталации на Ален Реџепагиќ и Даниела Илиевска, изложба на Кирче Стојоски итн.
Центарот за културен проток „АРТерија“ од Охрид е здружение на млади ликовни уметници, оформено во декември 2010 година. Го сочинуваат 15 дипломирани и магистрирани сликари, вајари, графичари, графички дизајнери и фотографи од Охрид.
|