Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Култура

Прво издание на театарскиот фестивал „Импакт“ во Велес

Фестивалот содржи претстави кои во себе го имаат истражувачкиот пристап во театарот

Во организација на Центарот за креативни акции „Импакт“ од Велес, во партнерство со општина Велес и Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот‘‘ од Велес, од денеска до 21 јуни ќе се одржи првиот театарски фестивал насловен „Импакт фест“.

Директорот на фестивалот, Александар Ивановски, вели дека ова е фестивал на театар, визуелни и изведувачки уметности, во чии рамки ќе бидат содржани претстави што во себе го имаат истражувачкиот пристап во театарот и воопшто во изведувачките уметности. Фестивалот ќе биде прв во Македонија и во Југоисточна Европа и ќе претставува лабораторија за нови изрази во театарот, танцот и во уметноста.

„’Импакт фест‘ ќе биде појдовна точка претставите од регионот на Југоисточна Европа да бидат презентирани во мрежата во која овој фестивал е влезен во европски фестивали. Фестивалот ќе направи вмрежување во активни европски и меѓународни иницијативи со кои ќе оствари соработка на различни нивоа не само на претстави, туку понатаму и на копродукции“, вели Ивановски.

Фестивалот ќе го отвори претставата „Дива светица мајка кучка“ на Младинско гледалишче од Љубљана, Словенија, а истата вечер со „Оркестар ББ“ ќе се претстави и Факултетот за Драмски уметности од Скопје. На втората вечер ќе бидат изведени „Бубачки‘‘ на Кире Миладиновски и „Градина‘‘ на Народниот театар од Битола во режија на Јован Ристовски. На 20 јуни се претставите „Хајди‘‘ во кореографија и изведба на Александар Георгиев и „Поврзаности‘‘ во кореографија и изведба на Кире Миладиновски и Александра Кочовска. На последната фестивалска вечер ќе бидат прикажани „Мртвата Дагмар‘‘ или „Девојчето со кибритчињата‘‘ од младата режисерка од Бугарија, Ида Даниел, како и „Мизантроп“ - Молиер (Театра) во режија на Билјана Радиноска со Наташа Петровиќ. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 595 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Звуците на филхармонијата се преточија во сликарски платна
Балканската изложба „Бендисај го или батали го“ го отвора „Скопско лето“
Во Охрид стартува уметнички фестивал УФО

"""