Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Култура

Звуците на филхармонијата се преточија во сликарски платна

Многу намерни посетители, но и многу случајни минувачи беа дел од завчерашниот мултимедијален настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“, што се одржа во Градскиот парк во вечерните летни часови. Тревникот зад легендарниот споменик на Гоце Делчев го зазедоа луѓе од сите генерации, кои сакаа да бидат дел ��д концертот кој четири години го одржува Македонската филхармонија на отворено и на кој презентира програма со малку полесна содржина, која може секое уво да ја восприми. Публиката уживаше во звуците на Росини, Хачатуријан, Сарасате, Бетовен, Чајковски, Енеску, Берлиоз, Дворжак, овој пат одличен избор на дела од класичната музичка литература, изведени под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар. Очекувано, и завчера, како и во минатите години, настанот што фаќа корени да прерасне во традиционален, а кој е, всушност, завршница на сезоната концерти од програмата на Македонската филхармонија, помина во пријатна атмосфера. Звуците што се распрскуваа над нашите глави, со своите сликарски четки во лет ги „фаќаа“ ликовните уметници Касиопеја Наумовска и Томе Мишев. Нивните перформанси значеа во живо да ја пренесат, за времетраењето на музиката, својата инспирација од звучните аликвоти на големи платна што ја чинеа своевидната сценографија на целиот настан. Посетителите имаа можност да добијат и по еден бесплатен примерок од книгата „Како да се патува со лосос“ од Умберто Еко, која беше разграбана уште во првиот половина час. (Т.И.)


#
Статијата е прочитана 741 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 18.06.2011 16:38:28
Имаше еден надарен млад ликовен уметник,кој одамна ја постави тезата,поттикната од сопствените чувства,за тоа дека музиката се доживува,само,ако можеш да ја видиш,а сликата (и било кое ликовно дело)само ако можеш да го слушнеш!Така и би!Овој свој говор го преточи воден од пијаното на славниот џез-пијанист Сесил Тејлор,и прекрасната поп-легенда Дејвид Боуви,директно во својата дипломска работа,која потоа се прераскажуваше на Ликовната академија во Скопје,како магично волшепство!Секое дело му беше насловено според некоја музичка секвенца,или цела музичка композиција!По него се јавија следни генерации на уметници,па дури и професори,кои почнаа да се водат според истата теорија!Човекот е сè уште признаен и ценет во светот,но не и во неговата родна земја!Сето останато е само идеја,грабната и превземена од овој прекрасен уметник!
Од: Златко Стевковски
Датум: 19.06.2011 00:05:15
Почитуван, Би сакал да го знам името на споменатиот Ви "млад уметник", несомнено "голем и позитивен пример", со цел да сторам нешто, било што во иднина, во рамките на моите скромни ингеренции, дирек��ор на МКЦ. Ова го велам ИСКРЕНО!!! Да потсетам, фрлете кус поглед какви и кои изложби беа реализирани во КИЦ, до '10, четири години по ред. Како и да е, Ве уверувам, ниту сме го украле, ниту пак сме го чуле ваквото мото во минатото пред истото да го имплементираме за овој мултимедијален настан. Сето тоа, се случи сосема неочекувано и спонтано, впрочем, се надевам ќе се сложите со дребноста ми, ко и сите светли и искрени нешта, во Македонија, Европа, на земјината полутопка. Токму така и ги добивме правата за книжевното дело од култниот Еко. Срдечно Срдечно

Најди! во Утрински
Култура
Балканската изложба „Бендисај го или батали го“ го отвора „Скопско лето“
Во Охрид стартува уметнички фестивал УФО
Прво издание на театарскиот фестивал „Импакт“ во Велес

"""