Број 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Свет

Израел мора да ги врати териториите доколку сака мир со Сирија

Израел и Сирија минатиот месец почнаа индиректни мировни разговори откако последните беа прекинати во 2000 година

ДУБАИ - Израел мора да биде подготвен да ги врати сите сириски територии окупирани за време на Блискоисточната војна во 1967 година, како дел од кој било мировен договор меѓу двете страни, изјави сирискиот претседател Башир ал-Асад во коментарите објавени вчера. Брифирајќи ги уредниците на весниците од Обединетите Арапски Емирати за време на посетата на оваа заливска арапска држава, Асад, исто така, изјави дека американското покровителство ќе биде од суштинско значење во следната фаза од индиректните разговори почнати минатиот месец под спонзорство на Турција.

„Во оваа фаза не разговаравме (со Израел) за ништо друго. Она што е на агендата е враќање на целата територија“, беше цитирана изјавата на Асад од страна на „Ал-Калиџ“ за време на посетата во понеделникот. „Во директните преговори ќе ги решаваме деталите кои ги вклучуваат податоците за вода и односи, и други работи. Што се однесува за водата има меѓународни правила што ги регулираат овие прашања, и кои вообичаено се прифаќаат, но ако прашањето за водата има цел (Сирија) да се откаже од (фактичката состојба), границите од 1967 година што се протегаат до Тиберија тогаш во таа насока никогаш нема да има компромис за границите од 1967“.

Израел и Сирија минатиот месец соопштија дека почнале индиректни разговори на кои посредуваа турски официјални лица, први преговори меѓу двете страни во последните осум години. Последните мировни разговори беа прекинати во 2000 година околу контролата на брегот на езерото, од каде што Израел вади поголем дел од водата. Сирија соопшти дека добила убедувања од Израел преку Турција дека еврејската држава ќе биде подготвена да ја врати Голанската Висорамнина во замена за мир. „Преговорите се во примарна фаза. Во подоцнежните фази тие ќе бараат меѓународно покровителство, особено од САД, велесила која има специјални односи со Израел“, беше цитирана изјавата на Асад од страна на весникот „Ал-Бајан“.

Многу аналитичари посочуваат дека мала е веројатноста поради американското непријателство кон Сирија да се постигне мировниот договор со Израел, пред заминувањето на претседателот Џорџ Буш од функцијата во јануари. САД соопштија дека не се противат на разговорите, но ја повторија нивната критика кон Сирија дека „го поддржува тероризмот“.

Израел го анектираше Голан во 1981 година, потег што предизвика меѓународна критика. Покрај стратегиската локација, плодната Голанска Висорамнина му обезбедува на Израел контрола на важните водни ресурси во овој сушен регион, земја за лозја, овоштарници и пасишта. Околу 18.000 Израелци се преселија на Голанската Висорамнина, а околу 20.000 сириски Друзи живеат таму. Израел им даде на Друзите можност да добијат државјанство откако ја анектираше територијата, но многумина од нив ја отфрлија понудата. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 301 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Обама и Хилари ја завршија трката за номинација
Киселоста на океаните ги загрозува островите
Русите платија пола милијарда долари за индекси
Повеќе држави заеднички во борба против сомалиските пирати
Притисок врз Мјанмар да не ги затвора камповите со жртвите од циклонот