Киселоста на океаните ги загрозува островите
Јаглеродниот диоксид во атмосферата е на највисоко ниво во изминатите 650.000 години
СИДНЕЈ - Зголемената киселост во океанот предизвикана од апсорбирањето на јаглеродниот диоксид во водите може да предизвика поголема ранливост на островските земји под морското ниво како што се Кирибати и Малдиви при невреме со оглед на тоа што нивните корални гребени се борат да преживеат, истакнуваат научниците. Јаглеродниот диоксид во атмосферата е на највисоко ниво во изминатите 650.000 години, а половина од количеството е растворено во океаните поради што се зголемува нивната киселост.
Киселоста на океанот, која се предвидува значително да се прошири северно од Антарктикот до 2100 година, ги отежнува околностите или им овозможува на некои животни како што се коралите и морските ѕвезди да ги создаваат нивните школки и скелети. „Ако киселоста на океаните ја ослабува структурата на коралите и алгите што ги создаваат гребените, тропските системи (островите) ќе бидат повеќе ранливи на физичките влијанија од невремиња и циклони“, се истакнува во новиот извештај на водечките научници за морските води во светот. „До 2100 година се очекува некои гребени да станат маргинални, а калцификацијата на гребените ќе опадне“, се истакнува во извештајот на Центарот за кооперативни истражувања на климата и екосистемите на Антарктикот, објавен вчера.
Во извештајот се наведуваат Кирибати во јужниот Пацифик и Малдиви во Индискиот Океан како најранливи за тропското невреме доколку продолжи да се зголемува киселоста на океаните. „Тие влијанија, исто така, директно ќе ги погодат важните комерцијални, рекреативни рибарства или оние за опстанок на гребените каде што видовите зависат од средината“, се додава во извештајот објавен на конференцијата за киселост на океани во Хобарт.
Киселоста на океаните се јавува кога јаглеродниот диоксид се раствара во морската вода, при што се создава слаба киселина, јаглеродна киселина. Јаглеродниот диоксид од активностите на човештвото главно се создава од согорувањето на фосилните горива, земјоделските практики и производството на бетон. „Океанот е голем резервоар за емисиите на јаглероден диоксид и апсорбира околу 48 отсто од јаглеродниот диоксид емитуван од човечките активности уште од пред индустрискиот период“, се вели во извештајот. Киселоста на океаните веќе влијае на поморскиот живот во студени води во Јужниот Океан к��де што се раствора најголемиот дел од јаглеродниот диоксид, а американските истражувачи истакнуваат дека сега се јавува на Северноамериканскиот континентален гребен во Пацификот. (Ројтерс) |