Брoj 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Свет

Повеќе држави заеднички во борба против сомалиските пирати

Предлог-резолуцијата до Советот за безбедност беше изготвена од Франција, САД и Панама

Советот за безбедност на ОН едногласно гласаше да им се дозволи на земјите да испратат воени бродови во територијалните води на Сомалија за да се справат со пиратите. Резолуцијата им овозможува на земјите кои имаат согласност од привремената влада на Сомалија да ги искористат сите средства за да ги задушат дејствувањата на пиратите во наредните шест месеци. Изминатата година 26 брода беа нападнати од пирати во тие води. Гласањето следуваше откако ОН започнаа одделни мировни преговори со фракциите инволвирани во конфликтот во Сомалија. Меѓутоа, исламската опозиција соопшти дека директни разговори нема да се одржат на состанокот во соседен Џибути се' додека владата постави рок за повлекување на војниците од Етиопија, кои ја поддржуваат владата.

Крајбрежните води на Сомалија се во близина на маршрутите на бродовите кои ги поврзуваат Црвено Море и Индиски Океан, а владата не е во можност да го одржува редот во сопственото крајбрежје. Како последица на тоа на крајбрежјето на Сомалија во должина од 2.880 км е присутно пиратството. Резолуцијата беше подготвена од Франција, САД и Панама.

Дописниците јавуваат дека Франција во почетокот сакала да го прошири предлогот за да се овозможи решавање на проблемот со пиратството во други области како што е западна Африка. Кина, Виетнам и Либија соопштија дека гласале за предлогот бидејќи се однесува само на Сомалија, и не влијае на суверенитетот на другите земји. Но дипломатски извори јавуваат дека активностите на Советот за безбедност се значајни бидејќи се користи силата на меѓународното право за да се овозможи морнариците да ги гонат пиратите и вооружените ограбувачи.

Во понеделникот претставници на Советот за безбедност се состанаа со претставници на владата и опозицијата на Сомалија во луксузен хотел на бреговите на Црвеното Море. Разговорите, кои се одржуваат во Џибути бидејќи во Сомалија е премногу опасно, се дел од планот на ОН да посредуваат за првите официјални директни преговори меѓу ривалите во Сомалија. Но, Абдирахман Абдишахур Варсаме, заменик претседател на Алијансата за повторно ослободување на Сомалија (АРС) рече дека нема да се согласи со директни преговори се додека не биде поставен рок за повлекување на етиопските војници од територијата на Сомалија. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 170 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Обама и Хилари ја завршија трката за номинација
Киселоста на океаните ги загрозува островите
Русите платија пола милијарда долари за индекси
Израел мора да ги врати териториите доколку сака мир со Сирија
Притисок врз Мјанмар да не ги затвора камповите со жртвите од циклонот