Специјална понуда на „Космофон“ за инвалидизирани лица
„Космофон“ го воведува новиот тарифен модел "Космофон кер", специјално дизајниран за лицата со посебни потреби.
Сите членови на Сојузот на телесноинвалидизираните лица, Сојузот на лица со оштетен вид и Сојузот на лица со оштетен слух можат да ги користат поволностите на новиот тарифен модел. Компанијата нуди месечна претплата од 190 денари, во која цена е вклучен бесплатен разговор, како и други услуги со претплатата, потоа исклучително ниски цени за повици во мрежата на „Космофон“, во нормална и во евтина тарифа, 300 денари месечно за повици кон сите "Космофон" АЛО броеви, вклучени во претплатата и 300 СМС-пораки месечно кон сите "Космофон" броеви, кои исто така, се вклучени во претплатата. (Ек.Р.) |