ЕВН-ЕСМ ќе исклучи 15 комунални претпријатија и села
„ЕВН-Македонија" од 14 часот вчера до денеска до 7 ја исклучи струјата во 15 јавни комунални претпријатија во земјава поради неплатени долгови. Станува збор за претпријатијата од Тетово, Битола, Прилеп, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија и Берово. Тие имаат долгови за неплатена струја за подолг период, а кај некои од нив долговите се и за повеќе од пет години. ЕВН-Македонија соопшти дека со јавните комунални претпријатија од Штип, Куманово, Крива Паланка и Св. Николе, кои биле исклучени во минатиот период, е постигната спогодба за плаќање на долгот на рати. Предупредувачки, вчера од 14 до 21 часот се исклучени од снабдување со струја и 26 села во Липковскиот регион, потоа селата Чегране, Корита, Калиште и Ломница, во Гостивар, а од 11 часот до денеска до истото време, ќе остане исклучено селото Бузалково, близу Велес. Од Скопскиот регион без струја ќе останат селата Св. Петка и дел од централното подрачје на Сарај. (Ек.Р.)
|