Брoj 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Вода ќе имаме сигурно уште 30 години, ама да не ја расфрламе

Водата како ресурс за задоволување на елементарните потреби, пиење, наводнување, индустрија, ја има се' помалку, поради што уште отсега треба да се размислува за нејзино ефикасно менаџирање, но и за нејзина заштита од загадување. Токму затоа земјите од регионот треба да реализираат заеднички проекти за рационално искористување на водите и сериозно да се позанимаваат со климатските промени како глобален проблем, се пораките од вчерашната регионална конференција за води на која, покрај македонскиот министер за земјоделство Ацо Спасеноски, учествуваа и министерот за животна средина и шумарство на Турција, Вејсел Ероглу, како и албанскиот министер за животна средина, шумарство и водостопанство Луфтер Хувели.

„Се' уште мислиме дека климатските промени се далеку од нас и не сфаќаме дека треба да се справиме со нив“, рече албанскиот министер Хувели. Тој сугерираше Македонија и Албанија да се заложат за заедничко администрирање на Охридското и Преспанското Езеро, како и на реката Дрим.

Според Спасеноски, Македонија и регионот следните 30 години нема да имаат проблем со обезбедувањето квалитетна вода, но мора да се води сметка, посебно за заштита на Охридското Езеро, кое е најголем природен басен за пивка вода во Европа. (А.С.)


Статијата е прочитана 257 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Или итни инвестиции во енергетиката или прескапа струја
Нафтата надмина 146 долари, големите играчи во расчекор
ЕВН-ЕСМ ќе исклучи 15 комунални претпријатија и села
ЕЦБ ја зголеми основната каматна стапка
Специјална понуда на „Космофон“ за инвалидизирани лица