Број 3284  понеделник, 17 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

„Надоаѓа Пчиња како Дунав“

Поплавени се сите села по течението на Крива Река и Пчиња, во Тетовско настрадаа оние што веќе беа под вода

Столе Божиновски


Куманово – „Бегајте луѓе, доаѓа Пчиња како Дунав!“ Со овие зборови во паника ги алармираше своите гости Олгица Денковска, сопственичка на кафеаната во бањата кај селото Стрновац, ноќта во саботата спроти неделата.

„Десетина минути пред тоа, проверувавме дали Пчиња ќе се излее од корито. Набргу, водата силно почна да навлегува во бањата и да ги поплавува објектите. За брзо време бевме под вода длабока околу еден и пол - два метра“, велат луѓето што настрадаа во поплавата.

Се' се случувало околу 3 часот. Помошта за извлекување пристигнала помеѓу 7и 8 часот. Со хеликоптерот беа извлечени четири лица вработени во друга кафеана од бањскиот комплекс.

Поплавени се сите села по течението на Крива Река и Пчиња, почнувајќи од Пелинце до Катланово. Под вода се бавчи, ниви со пролетни култури, куќи и викендички, стопански објекти, урнати се помали мостови, однесени делови од патишта. Материјалните штети допрва ќе се проценуваат, но сигурно се од големи размери, раскажуваат луѓе од Клечовце, Шупли Камен, Студена Бара и други села од Пчињскиот регион. Последната голема поплава на Пчиња се случи пред три-четири години. Од страна на надлежните служби за спасување имоти и луѓе за извлекување се користени специјални моторни возила и чамци.

Најстарите жители од поплавените кумановски села раскажуваат дека Пчиња и Крива Река никогаш не ги виделе толку многу надојдени. Во текот на вчерашниот ден сите поплавени села беа во мобилна состојба за првично согледување и санирање на штетите од големата елементарна непогода.

Поплавените подрачја во Кумановско, Кратовско и Кривопаланечко вчера ги посети министерот за одбрана, Зоран Коњановски, кој изјави дека ќе се искоординираат градоначалниците од сите три поплавени региони и ќе се договорат мерките за санирање на последиците.


#
Статијата е прочитана 2283 пати.

Испрати коментар

Од: Тања Куманово
Датум: 17.05.2010 08:43:01
Насловот баш и можел да биде поинвентивен и да не потсетува на популарното "Иде Дунав".

Најди! во Утрински
Македонија
Вардар пак пустоши во Долни Полог
Матната вода два месеца ги измачува гостиварци
Осветен нов манастир кај Злетово
Потребна е приказна за да се привлечат туристи