Тетово доби биолабораторија
ТЕТОВО - Државниот универзитет во Тетово вчера доби лабораторија за биотехнологија. Лабораторијата е наменета за студентите од Факултетот за прехранбена технологија и исхрана, а ќе можат да ја користат и производители на храна и вода за пиење, заради проверка на квалитетот. Донацијата вредна 500.000 евра е подарок од италијанската влада.
„Ја зголемуваме соработката со ДУТ за да го подобриме квалитетот на студиите. Италијанската влада и досега донираше во овој регион“, рече Роберто Рико, заменик-амбасадор на Италија во нашата земја. Вицепремиерот на Владата на Македонија, Абдулаќим Адеми, ја оцени лабораторијата како квалитет на светските универзитети. „Владата е подготвена да финанси“. (Г.Е.) |