Корисниците на „Кејблтел“ плаќаат високи сметки за слаба понуда
Повеќето поплаки се од оние што немаат алтернативен избор за кабелски оператор
Александар Пешев
Исклучување канали и преводи, прекини во Интернет-сообраќајот, паѓање на целиот кабелски сервис. Ова се само дел од проблемите на кои се жалат некои од корисниците на кабелскиот оператор „Кејблтел“. Тие велат дека навремено ги намируваат солените сметки за кабелски услуги кои пред неколку месеци скокнаа на 450 денари од 350, но не се задоволни од она што го добиваат. Одговорните во „Кејблтел“ објаснуваат дека некои странски програми се целосно преведени, а некои се делумно преведени и тие така ги пуштаат во етер.
Повеќето поплаки се од оние што немаат алтернативен избор за кабелски оператор. Еден од најголемите конкуренти на странскиот оператор е домашниот „Телекабел“, кој се нема проширено во сите населби низ Скопје. Дел од незадоволните тврдат дека се пријавиле за „Макс ТВ“ на „Т-Хоум“, но поради популарноста на понудата мора да почекаат за инсталација.
Станислава М. вели дека на некои странски програми преводите често се исклучени. „По многу обиди успеав да добијам оператор на нивната линија за поддршка на корисници. Најкултурно прашав зошто нема превод на неколку странски канали каде што претходно имаше. Добив отсечен одговор да напишам писмено барање до менаџментот на операторот. Не плаќам сметки за кабелска за да пополнувам писмени барања“, вели Станислава.
Од кабелскиот оператор велат дека странските програми се реемитуваат без никакви измени. Имено, како што програмата оди на сателит, така се реемитува.
Од доаѓањето на македонскиот пазар, „Кејблтел“ одлучи да се придржува на законските прописи, исклучувајќи ги сите српски и хрватски преводи од странските канали. Конкуренцијата не го следеше примерот на странскиот оператор, а корисниците, навикнати на преводи, отворено го изразуваа незадоволството. По извесно време „Кејблтел“ се премисли и ги врати преводите на странските канали.
„Некои странски програми се целосно преведени и ги реемитуваме. Некои, пак, од сателит доаѓаат како делумно преведени и така се реемитуваат“, објаснува Лидија Голубова, директорка за маркетинг и продажба во „Кејблтел“.
Некои корисници се жалат дека не можат воопшто да добијат информации од која било линија за корисници што се прикажуваат на информативниот канал на операторот.
Николина М. вели дека на инфолиниите како да нема оператори.
„Во неделата немаше пренос на ТВ Нова од 15 часот до 23 часот. Сакав да се јавам за да се информирам зошто тогаш, кога најмногу се гледа телевизија, го нема мојот омилен канал. Но, не успеав да добијам ниту еден од фиксните и мобилните телефони на операторот“, се жали Николина. Таа тврди дека телефоните се редовно зафатени или никој не се јавува. „Редовно плаќаме и не заслужуваме таков однос“, додава таа.
Од „Кејблтел“ повикуваат на трпение.
„Дури и кога сите оператори се зафатени, корисникот добива сигнал за слободна линија, но мора да почека или да се јави повторно. Се сомневам дека ниту еден оператор не се јавува на линијата за поддршка“, вели Голубова. „Што се однесува до ТВ Нова, мора да го исклучуваме каналот за време на ’Операција триумф‘, бидејќи таков ни е договорот со ТВ-станицата“, објаснува директорката за маркетинг и продажба на „Кејблтел“.
Totalno raspasena firma. Internet sum nemal i po tri (3) dena a nikoj ne se javuva za vreme na vikend. kaj da se zalam koga duri isklucuvaat i mobilen za kontakt iako plativ za 5 meseci odnapred!!! diva liga, site se sefovi. Blagodaram za moznosta da se izrazime barem vo vesnik ako tie ne odgovaraat.
Од: nezadovolen korisnik
Датум: 11.12.2008 01:14:38
Fala Bogu nekoj da napishe za monopolot na Cabeltel. Ne samo shto uslugata i servisot (majstorite se nekulturni) se ochajni tuku, osven internetot sega i digitalnata tv ja naplakjaat ODNAPRED vo mesecot!!!! Kako mozhe da se plakja odnapred za usluga koja ne e izvrshena? Dali ova ne e protivzakonsko odnesuvanje? neznam kade treba da se prijavi: vo pazarna inspekcija, kaj zhalbi na potroshuvachi...kade? Ve molam ako znaete napishete i za ovoj nachin na naplata na monopolite!
Од: miso
Датум: 11.12.2008 07:53:27
Gragjanite se potpolno vo pravo.Sem losiot izbor na kanali , nema nitu edno racionalno objasnuvanje-velam RACIONALNO objasnuvanje za pokacuvanje na pretplatata od 350 na 450 denari.
Од: Zbor
Датум: 11.12.2008 10:41:56
Алооо! Ако не ви се допаѓа услугата, сменете го провајдерот! А оние кои немаат избор да се приклучат кај друга фирма нека се соберат и заедно нека побараат од другите фирми да дојдат и да им понудат услуга. До кога само ке се жалиме, а ќе продолжуваме да плаќаме. Едноставно е...ако не ви се допаѓа, откажете ја услугата!
Од: Skopje
Датум: 11.12.2008 10:56:33
Кога еднаш кабловксиот оператор кој создава огромен профит, ке инвестира во преводи на најгледаните емисии од типот на Анимал планет и слични на нив. Нека вработат некој преведувач и нека преведуа. Ем корисно за вработување ем за гледачите. Дрзавата мора да води сметка и за јазикот.
Од: kika
Датум: 11.12.2008 11:29:02
Ovie Cabeltel pod itno trebaa da se ispitaat dali voopsto treba da postojat na nasiov pazar poneprofesionalna firma od niv ne postoi vo Makedonija.Katastrofa ziva se, a za uslugata ne treba da dobijat ni 10 denari, a kamo li 450den.
Од: нов корисник
Датум: 11.12.2008 11:43:27
Каква катастрофа, на инсталација доаѓаат четворица полуписмени мајстори, од кои двајца само се шетаа по станот, за работа што во нормална фирма е доволен да ја заврши еден. А за културата да не зборувам, пцовките им се неразделен дел од работата. Однапред ми зеемаа пари, никава сметка не добив за тоа и по некое време не исклучија. Нормално на телефоните никој не се јавуваше со денови.
Од: Dadic
Датум: 11.12.2008 12:41:29
Cabletel - sinonim za neprofesionalnost, drskost, lopovluk.
Од: igor
Датум: 11.12.2008 13:41:05
sto vi e be
pa telekabel da ne ima podobar net
jas koristam na cabletel internet
i sum mn zadovolen
Од: sime
Датум: 11.12.2008 13:48:56
probajte da gi dobiete na nivniot info telefon za podrska na internet. najverojatno stedat i imaat staveno samo eden ili dvajca da opsluzuvaat iljadnici korisnici. jas ednas se obiduvav dva dena da gi dobijam i ne uspeav. probav da dobijam infotmacija na nivniot lokal za informacii no tie me otkacuvaa. i na kraj se javiv na lokalot na informacii i gi zaprasav da mi dadat informacija koga voopsto moze da gi dobijam lugjeto od internet. togas taa se sozali i licno mi pomogna. inaku se javuvav bidejki bev isklucen so plateni smetki. Iskreno sega mt-net se poskapi i zatoa sum kaj kable tel, inaku do sega ke se isklucev odamna
Од: Kisela Voda
Датум: 11.12.2008 13:58:53
Jas nemam A2. Kazete dali ja ima voopsto na Cabletel.
Од: iva
Датум: 11.12.2008 14:27:28
a po koj osnov ke/plakame po 450 den? Vo nasite dogovori so firmata cij praven naslednik e cabletel, a koi se so veke pominat rok ne stoi nisto takvo...Prakticno, nie i nemame dogovor so aktuelnata kompanija, ili?
Од: Paca-prezadovolen korisnik
Датум: 11.12.2008 17:07:24
luge sto vi e na vas nema podobri , a sto se odnesuva do uslugata da vi kazam najiskreno e na visoko profesionalno nivo deckite bea super , sum koristela poveke provajderi megutoa CABLETEL se naj naj dobri