Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Хелсиншки бара хашките случаи да добијат разрешница

Вратените хашки предмети, мерката притвор и двојните аршини, акцијата "Питачење", потребата за донесување на Законот за заштита од дискриминацијата и повеќекратните препораки по реализираните посети во затворените институции на Република Македонија се темите кои Хелсиншкиот комитет ги разработува во септемврискиот извештај за состојбата на човековите права.

Хелсиншкиот комитет смета дека во никој случај не може да има амнестија за случаи на тешко кршење на меѓународното хуманитарно право, посочувајќи дека враќањето и процесуирањето на хашките предмети во македонското правосудство предизвикува многу дилеми кои се проследени со крајно спротивставени толкувања во јавноста.

Хелсиншкиот комитет посочува дека треба да се вложат сите напори случаите да добијат разрешница до крај почитувајќи го принципот на владеење на правото. Во извештајот, меѓу другото, се укажува дека Собранието на Република Македонија во два наврата има усвоено закони со кои се дава правната рамка, а која се однесува на овие случаи - Законот за амнестија и Законот за соработка меѓу Република Македонија и Меѓународниот кривичен суд за гонење лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на поранешна Југославија.

"Потребно е да постои наредба од Судскиот совет на Хашкиот трибунал или одлука на обвинителот на Хашкиот трибунал (или самиот Трибунал) за фактот во каква фаза е кривичната постапка што се предава на одлучување на домашните судски органи. Се' што е надвор од овие јасни одредби е дневна политика и злоупотреба на правото за нејзини цели", се наведува во извештајот.

За Хелсиншкиот комитет останува отворено прашањето како и во која фаза се вратени четирите хашки предмети.

Во врска со мерката притвор и двојните аршини, Хелсиншкиот комитет во извештајот наведува дека судските органи продолжуваат да го злоупотребуваат притворот на начин што го користат како нужна мерка за обезбедување на обвинетиот во водење на кривичната постапка.



Хелсиншкиот комитет апелира на соодветна, еднаква и правна примена и употреба на мерката притвор и ги охрабрува и повикува судските органи на употреба на другите соодветни мерки на обезбедување, се' со цел да не се нарушат човековите права и достоинството на личноста.



Хелсиншкиот комитет за човекови права континуирано ја следи акцијата "Питачење" на Министерството за внатрешни работи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и соодветните центри за социјална работа, која започна на 10 септември. Во извештајот, меѓу другото, се поздравува напорот на надлежните институции за намалување на бројот на деца кои не посетуваат училиште, но смета дека за да се оствари тоа, потребно е од страна на тие институции да се излезе во пресрет на тие семејства со конкретни мерки за финансиска помош кои би спречиле евентуално повторно враќање на децата на улица, но за тоа решение во никој случај не може и не смее да се чека на измените на Законот за социјална заштита кои се' уште се во постапка на оформување.

За неопходноста од донесување на законот за заштита од дискриминацијата, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги повикува Министерството за труд и социјална политика и сите засегнати актери во неговото донесување внимателно да ги разгледаат сите релевантни прашања, без притоа да се следи досегашната практика на експресно изгласување закони без расправа.

Хелсиншкиот комитет во извештајот за септември констатира дека Република Македонија недоволно работи во насока на подобрување на материјалните услови за живеење во затворските институции, иако истите состојби во неколку наврати се констатирани и укажани од страна на релевантни домашни и странски органи и организации. (П.Р)






















Статијата е прочитана 121 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 18.10.2008 09:44:03
Treba pravna drzava, site se slozuvame. No kako se objasnuva deka ima optuznica za maltretiranite rabotnici a nema optuznica za bitolskite palikuci?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Инцидентот во Лерин стигна во Брисел
Македонија влегува во нов изборен филм
Извештајот за хеликоптерската несреќа вратен на доработка
Поради блокадата на Македонија, Грците во САД со визи
Милошоски на конференција во Казахстан