Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Македонија влегува во нов изборен филм

Прогнозите се дека целиот овој период државните институции ќе бидат преокупирани со изборите

Оливера Војновска

Главните политички играчи на политичката сцена се договорија новиот шеф на државата и новите општински функционери да се избираат на 15 март идната година. Кампањата, онаа неофицијалната, е веќе одамна започната. Официјалната, што треба да почне на крајот од февруари и ќе трае 20 дена, некои политички аналитичари прогнозираат дека ќе биде највалкана од сите досегашни изборни соочувања.

Пред се', поради огромниот антагонизам меѓу двете ривалски партии во македонскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кој никогаш немал ваков низок рејтинг, речиси за четири пати послаб од оној на владејачката партија. Македонија влегува во уште еден изборен филм што ќе го гледаме најмалку пет - шест месеци.

Но, како ќе функционираат институциите: претседателот, парламентот и Владата и колку ќе се посветат на државничките задачи и приоритетите? Познавачите на политичките прилики не се оптимисти дека системот ќе функционира нормално. Прогнозите се дека целиот овој период државните институциите ќе бидат преокупирани со изборите, дека таму ќе се троши енергијата, а сите други прашања ќе бидат оставени настрана.

Професорот Јове Кекеновски од Факултетот за туризам и угостителство, дисперзирани студии во Велес, вели дека партиите воопшто и не престанале да се однесуваат како за време на избори. "И власта и опозицијата се веќе во кампања. Парламентот нема да дебатира за сериозни теми, ќе го усогласат Изборниот законик, ќе поминуваат законите со европско знаменце кои не се спорни и ќе има многу маркетинг. Во овој период до изборите пратениците нема да се занимаваа со суштински проекти. Владата со уште позасилено темпо ќе ги претставува проектите и ќе ги зачести медиумските настапи. И опозицијата ќе се растрча на терен, за да оствари колку што е можно подобар изборен скор", вели Кекеновски.

Според него, кампањата ќе биде исклучително жестока. "Во претстојниот период ќе се влоши кохабитацијата, ќе се зголемат тензиите меѓу претседателот и премиерот. Очекувам најнечиста политичка кампања, ќе има ниски удари, вадење валкани алишта и лични дискредитации. Пред се', поради тоа што односите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле толку затегнати. Двете партии не биле вака закрвени дури ни во времето на Љупчо и на Бранко", додава Кекеновски.

Тој смета дека е добро тоа што локалните и претседателските избори ќе бидат во ист ден, најмногу поради намалувањето на трошоците, а сведувањето на цензусот на 40 отсто го оценува како оптимално политичко решение.

И политикологот Владо Божиновски смета дека ќе се заштедат многу пари со истовременото одржување на изборите и го поздравува намалувањето на изборниот праг. Тој е на мислење дека локалните и претседателските ќе влијаат едни на други. "Доколку претседателските кандидати на двете страни не се силни, кандидатот за градоначалник може да повлече гласови и кај претседателскиот кандидат. Затоа што, за локалните избори голема улога игра и самата личност на кандидатите за градоначалници", вели Божиновски.

Според него, кампањата многу ќе зависи од изборот на претседателските кандидати. "Ако на изборите имаме еден силен и еден слаб кандидат, тогаш партијата која го номинирала послабиот ќе работи поангажирано и ќе биде поагресивна", додава Божиновски.

Несомнено дека ќе има повеќе работа за ДИК и за општинските изборни комисии, кои практично ќе бидат ангажирани на три фронта, со оглед на тоа дека ќе има три кандидатски листи за советници, градоначалници и за шеф на државата. Кампањата ќе се води паралелно и ќе треба технички да се усогласат одредени рокови.




Статијата е прочитана 568 пати.

Испрати коментар

Од: taipovabdula-intelektualec
Датум: 18.10.2008 00:26:24
Lokalnite izbori se mnogu vazni za RM,vo ovoj moment VMRO-na celo so gospodinot Gruevski vodi edna mnogu demokratska politika ne videna vo istorijata na civilizacijata,.site nacionalnosti se zastapeni vo site strukturi na makedonskoto opstestvo. Pripadnicite na turskata nacionalnost koj se lojalni gragjani na RM,bez kolebanje se za dobroto na RM nie sme nacija so dlaboki istoriski koreni vo Balkanot koji ne zavisno od nasite partii glasame za liderot Gruevski i pretstavnicite zaedno so gradonacalnicite koji ke bidaat predlozeni, Koga na RM-mu treba naj golemo edinstvo SDSM-gi koci ovie demokratski promeni i mu dava prednost na gospodinot ZAEV,celo leto ne zamara so toj Zaev.
Од: asli Turcin (do Taipov Abdula)
Датум: 18.10.2008 08:53:09
Gospodine, nemate komentar vo koj ne go velicite Gruevski. Sto tolku mu se pikate? Sto ste dobile ili sto ocekuvate? Napisete nekoj asalen komentar bez poltronski pristap. Vistinskite Turci ne mozat da se slagaat so Gruevski. Fakt e deka volkava omraza nemase nitu vo vremeto na Branko i Ljubco. Kolkava omraza samo vnese maliov firer vo opstestvoto, toa e nezamislivo. Za da se iscisti taa omraza, kje treba mnogu vreme, a togas koga nema da dobiete nisto od Gruevski (toj gi koristi lugjeto i gi frla), sakam da ve vidam sto kje mislite za nego.
Од: Albanec
Датум: 18.10.2008 14:03:25
Albancite ne se zadovolno od svoite izbranici, poradi toa mozno e bojkotiranje na site izbori sto ke sledat vo MKD i drug nacin na organoziranje kaj nas Albancite. Nie ne krieme deka sme ja zagubile seta doverba vo instituciite na drzavata. Nie i ponataka ne se prasuvame za krupni problemi i proekti! Aktuelniot trend na vodenje politika ne ke dozvolime poveke da dominira. Ima izlez, no Makedonskite politicki partii se pravat gluvi i ednostavno ne sakat da se resat problemite. Nie, site znaete, ne krieme deka Albanskiot jazik ke mora na nivo na drzava da bide oficialen jazik, za ova se gluvi Makedonskite politicki partii. Zatoa, stilot "cekor po cekor" nie Albancite nema da go prifatime poveke.
Од: meto
Датум: 18.10.2008 16:18:57
Немам причина да ги негирам нечии мислења искажани во написот.Но,имам суштинско противење со ставовите дека заради поевтини избори истите треба да се спроведат во еден ден.Ако држи тезата дека овие избори ке бидат повалкани од боло кои до,сега ке ве молам ,вреди ли еден битен критериум за влез во НАТО и ЕУ да се става на рамниште =со евтини избори.Ако политичките аналитичари сметаат дека изборите нема да бидат чесни(владата е несоособна да организира фер и демократски избори,тоа е повеке од очигледно),зошто инетелктуалната јавност не се наметне и да им каже на политичарите ,Раздвојте ги изборите.Одложете ги локалните за наесен за да немаме негативни оценки од ЕУ.Побитни ли се демократски отколку поевтини избори.?Што ке се случи ако во ова мегувреме се наметне потребата од одржување референдум,кога ке се спроведе.?Во среде зима?!Или референдумот е само изговор .

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Инцидентот во Лерин стигна во Брисел
Извештајот за хеликоптерската несреќа вратен на доработка
Поради блокадата на Македонија, Грците во САД со визи
Хелсиншки бара хашките случаи да добијат разрешница
Милошоски на конференција во Казахстан