Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Удинезе, Сити, Твенте, Галатасарај и Металист во шеснаесет-финалето

Херта не успеа ниту во третиот меч од Купот на УЕФА да забележи победа. Доживеа пораз од Галатасарај среде Берлин 0:1 (Милан Барош од пенал во 70 минута, по стартот на Вон Берген над Кјуел), со што Турците си обезбедија пласман во шеснаесет-финалето.

Херта доминираше во текот на целиот натпревар, но шансите што ги создаде не успеа да ги реализира. Во тој сегмент потфрлија српскиот репрезентативец Марко Пантелиќ и украинскиот Андреј Вороњин.

Во вториот меч од оваа група украинскиот Металист оствари голема победа над Олимпијакос, исто така за пласман меѓу 32. најдобри во ова натпреварување. Кобен за Грците беше Едмар, кој го постигна единствениот гол во 87 минута.

Резултати:



Група А: Манчестер С. - ПСЖ 0:0, Твенте - Шалке 2:1

Табела: Манчестер С. 7 (3 меча), Твенте 6 (3), Шалке 4 (4), ПСЖ 2 (3), Сантандер 2 (3)

Група Б: Херта - Галатасарај 0:1, Металист - Олимпијакос 1:0

Табела: Галатасарај 9 (4), Металист 7 (3), Олимпијакос 3 (3), Херта 2 (3), Бенфика 1 (3).

Група Ц: Стандард - Сампдорија 3:0, Севилја - Партизан 3:0

Табела: Стандард 9 (3), Севилја 6 (3), Штутгарт 4 (3), Сампдорија 4 (3), Партизан 0 (4).

Група Д: Спартак Москва - НЕЦ 1:2, Удинезе - Динамо Загреб 2:1

Табела: Удинезе 9 (3), Тотенхем 6 (3), НЕЦ 3 (3), Спартак 3 (3), Динамо 3 (4).

Мореира падна во несвест на теренот во Севилја

Партизановиот Португалец Алмани Мореира потсети на лошите спомени на навивачите на Севилја, кога падна на теренот од завчерашниот меч од Купот на УЕФА, како несреќно починатиот Антонио Пуерта.

Убедливиот пораз на Севилја од 3:0 го расипа тој момент на страв во осмата минута. Мореира падна во бесознание и неподвижно остана да лежи на теренот. Трибините занемеа. Сите помислија на Пуерта, кој поради затајување на срцето го загуби животот. Дотрчаа играчите на двете екипи за да го префрлат во странична положба и да спречат гушење. Мореира внимателно беше изнесен од теренот и префрлен во болница, каде успешно се освести. „Тоа беше стравичен момент и нешто што не смееше да се случи“, изјави клупскиот директор на Севилја Пабло Афаро, кој го следеше Мореира до болницата. Мореира вечерта ја мина во болница на анализи на срцето и мозокот.

Бед Блу Бојс ги гаѓаа со факели своите играчи



Фудбалот во Италија е религија, а навивачките нереди нормална работа. Но и таму ретко се гледа како навивачите ги гаѓаат фудбалерите на својот клуб со факели, како што тоа го направија Бед Блу Бојс на мечот меѓу Удинезе и Динамо 2:1.

Во вториот дел од натпреварот незадоволни од резултатот тие тотално полудеа и за малку ќе го прекинеа натпреварот. Бишќан и Шокота се обидоа да ги замолат да престанат со дивеењето, но тие почнаа и нив да ги гаѓаат. „Ла Република“ пишува дека 12 од нив биле приведени, а дека тројца дури паднале од трибина. Едниот од нив е потешко повреден.

Рој Кин поднесе оставка



Рој Кин вчера ги шокира навивачите на Сандерленд со оставката на тренерското место на овој клуб. Причина за тоа е ултиматумот кој му го даде управата да го подобри скорот во наредните три натпревари. Ирецот не сакал да чуе за било какви уцени, па решил да си замине. Кин дојде во Сандерленд во август 2006 година, кога потпиша тригодишен договор. Веќе во првата сезона го врати клубот во Премиерлигата.

Четири гола на Тевез за полуфинале на Јунајтед во Карлинг купот



Откако второлигашите Барнли и Дерби успеаја да ги елиминираат Арсенал и Стоук во четврт-финалето од Карлинг купот, тоа завчера го направија и Манчестер јунајтед и Тотенхем. Јунајтед беше убедлив против Блекбурн совладувајќи го со 5:3, додека Тотенхем славеше во гости над Ватфорд со 2:1.

Фантастичен натпревар за Јунајтед одигра Карлос Тевез, кој заби дури четири гола, а Нани реализираше еден. На Тотенхем, пак, победата му ја донесе Дарен Бент со погодокот во 76 минута. Инаку, Ватфорд поведе со голот на Прискин во 14 минута, а израмни Павличенко од пенал во 45 минута.


Статијата е прочитана 460 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонските ракометарки ја совладаа Хрватска
Србите удрија по домаќинот на ЕП
Соседско чистилиште за вториот круг
Дину и на 37 години фрустрира со своите одбрани
Пандев во тимот на светот со Кака, Дрогба, Меси, Роналдо...
Норвежанките киксираа, Данска го доби дербито на денот