Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Норвежанките киксираа, Данска го доби дербито на денот

И вториот натпреварувачки ден на ЕП за жени исфрли изненадувачки резултат - повторно во Охрид, повторно кикс на аспирант за медал (Норвешка) и повторно идентичен епилог. Можеби изненадувањето не е од рангот на ремито на Белорусија со Шведска (21:21), но малку кој очекуваше дека Шпанија ќе одигра идентично со Норвежанките во првото коло во групата Б.

Шпанките почнаа фуриозно и на брзина поведоа со 4:1, но на одмор заминаа со минус 2. Причините за резултатскиот пресврт во првиот дел лежат кај Катрин Лунде Харалдсон, една од најдобрите светски голманки. Мечот го заврши со 16 одбрани меѓу кои и четири седмерци и беше главниот виновник за „будењето“ на норвешките ракометарки. Скандинавките имаа позитива во најголем дел од второто полувреме не дозволувајќи им на Шпанките да се доближат на повеќе од два разлика. Но, не успеаја докрај да ги задржат. Во последната минута „црвената фурија“ постигна два гола, не прими ниту еден, и и' се избори за поделба на бодовите. Најефикасна ракометарка во норвешкиот состав, кој 10 минути имаше девојка помалку на теренот, беше Кристин Лин Ригелут со пет гола, Тоње Нестволд постигна 4, сите од линијата за седум метри. Шпанките, пак, играа далеку подисциплинирано. Само четири минути имаа исклучена ракометарка, а лидер во тимот беше Марти Манге со шест погодока, Татјана Гармандија поентираше пет пати, Фернандез и Онсина по три пати се запишаа во листата на стрелци, а Михаела Чобану одбрани 11 „норвешки проектили“. Во вториот меч во оваа група Украина ја оствари најубедливата победана шампионатот. Жртва на Украинките беше составот на Португалија кого го поразија со 38:24.

Данска и Франција го одиграа најсодржајниот меч во досегашниот тек на шампионатот. Победата на крајот од мечот во групата А заврши на страната на данските ракометарки кои славеа со 24:23. „Триколорите“ се обидоа да останат непоразени, го имаа последниот напад меѓутоа ударот на Камила Ајглон на четири секунди до крајот го одбрани Кристина Педерсен. (С.Д.)


Статијата е прочитана 174 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонските ракометарки ја совладаа Хрватска
Србите удрија по домаќинот на ЕП
Соседско чистилиште за вториот круг
Дину и на 37 години фрустрира со своите одбрани
Пандев во тимот на светот со Кака, Дрогба, Меси, Роналдо...
Фудбалски вести