Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Дину и на 37 години фрустрира со своите одбрани

Организацијата на ЕП вели дека в ред, но има забелешки на храната во хотелот

Сашко Ѓ. Димовски

Велат дека секој тим со добар голман е 50 отсто поблиску до победа. Така е во секој спорт, па и во во ракометот. Репрезентацијата на Романија без сомнение го има во Луминица Дину, а потврда на тезата дојде во мечот против Унгарија, на Европското првенство во ракомет за жени во Македонија, што романките го добија со 27:21. Ниту 37. години колку што има Дину не и' попречија да блесне меѓу стативите. Буквално беше кинески ѕид за унгарските ракометарки. Бранеше буквално се', бранеше како во транс, излудувајќи ги унгарските бекови, крила, кружни напаѓачи, бранеше зицери, контри. Натпреварот го заврши со неверојатни 23 одбрани и за секоја се радуваше како да и' е прва во кариерата. Концентрирана, страшно многу мотивирана, полна со позитивна енергија, со која ги „зарази“ и колешките во националниот тим, Дину едноставно беше двигател на Романија кон стартниот триумф на осмиот континентален ракометен самит.

„На прво место е мотивот да се прикаже најдоброто за својата земја, а на второ енегријата која ја чувствував од трибините. Таа енергија ја почувствував и вечерва што дополнително ме мотивира. Две години од мојата кариера минав во Скопје. Бранев во тимот на Кометал Ѓорче Петров со кој ја освоив и титулата во Лигата на шампионите. Луѓето овде ме паметат, мислам дека оставив добар впечаток во Македонија од тоа време кога цела сала го скандираше моето име. Задоволна сум од мојот настап денеска, се надевам дека ќе имам константна форма за време на шампионатот и со моите одбрани ќе и' помогнам на Романија во желбите за што подобар пласман на првенството“, ни' изјави 37 годишниот чувар на мрежата на романската селекција.

Дину верува дека Романија има сили и квалитет за освојување на првото место во групата А во конкуренција на Унгарија, Данска и Франција. Но, признава дека за тоа се неопходни корекции на играта во одбрана и напад.

„Со Унгарија не беше така лесно како што може да се заклучи ако се погледне резултатот. Имавме противник со кој требаше да одиграме квалитетно за да го победиме. Тоа го сторивме, но мора да ја поправиме играта во одбрана и во нападот во наредните два меча против Данска и Франција. Мислам дека може да го освоиме и првото место во групата. Имаме сили за тоа“, коментира Дину.

Дину се осврна на организацијата на првенството. Нема забелешки за салата и за се' што се случува во неа, но има забелешки за хотелот, поточно за исхраната во „Континентал“ каде што се сместени репрезентациите што своите мечеви во прелиминарната фаза на ЕП 2008 ги играат во Скопје.

„Салата и се' што се случува во неа е во ред. Меѓутоа хотелот е така-така. Собите се' во ред, но исхраната е слаба. Денеска не јадев речиси ништо, на натпреварот дојдов гладна. За ручек имавме телешко месо, а јас такво не јадам“, заврши Дину.


Статијата е прочитана 481 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонските ракометарки ја совладаа Хрватска
Србите удрија по домаќинот на ЕП
Соседско чистилиште за вториот круг
Пандев во тимот на светот со Кака, Дрогба, Меси, Роналдо...
Норвежанките киксираа, Данска го доби дербито на денот
Фудбалски вести