Број 3599  вторник, 07 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

Се доближува опасната бактерија

Сомнителен случај заразен со ешерихија коли е откриен и во Словенија

Јасмина Јовановска



Инфекцијата со опасната бактерија што пламна во Германија се' повеќе се доближува до Балканот. Сомнителен случај на заразен со ешерихија коли е откриен и во Словенија. Кај нас здравствените власти и стручњаците смируваат дека засега нема ниту еден заразен со опасната бактерија. Но, никој не ја исклучува можноста да се појави заразата и во земјава, бидејќи инфекцијата може да ја внесе заразено лице што било во Германија. Затоа микробиолозите и инфектолозите апелираат до населението да одржува добра лична и колективна хигиена. Ова значи дека треба почесто да се мијат рацете зашто заразата влегува преку уста, да се консумира само добро измиено овошје и зеленчук, а да се јадат само добро испечено или сварено месо и млеко.

Германските стручњаци и натаму како да лутаат во истрагата за изворот на заразата. Првично тоа беа загадени краставици, домати и зелена салата увезени од Шпанија, за сега фокусот на заразата да биде ставен на никулци од грав и други жита што биле одгледувани на фарма во Северна Германија, а кои се користат како додаток во свежите салати. Фармата е затворена, а пратките се повлечени од употреба.

„И лукчето може да биде извор на заразата. Или некој друг зеленчук. Особено што тие може да се наводнуваат со загадена вода, да се ѓубрат со органски ѓубрива полни со природен измет од добитокот во кој може да има и живи бактерии“, објаснува микробилогот Милена Петровска, директор на Институтот за микробиологија и потенцира дека е многу е тешко да се открие изворот на инфекцијата. Поради тоа, основно е да се подигне нивото на лична и на колективна хигиена.

„Сега е сезона на стомачни инфекции, па овошјето и зеленчукот треба да се мијат под млаз вода, а ако треба и да се киснат во вода. Мора да се јаде добро испечено или сварено месо и млеко“, вели д-р Петровска.

Таа смета дека најголем ризик се рестораните за свежа храна. „Еден цеден сок, за кој не се знае како е подготвен, може да биде ризик да се добие некоја бактерија. Или, пак, ако по тоалет не се мијат рацете“, додава д-р Петровска.

А, стручњаците од Германија велат дека го пронашле лекот за оваа бактерија. Германските власти соопштија дека во Хамбург, епицентар на ширењето на заразата од новата мутирана бактерија, успешно е излечена првата пациентка. Заразеното лице лекарите го третирале со нов вид антибиотска терапија. Не се открива која терапија се користела.

„Веројатно станува збор за случај што навреме бил донесен во болница и кај овој пациент, сепак, помогнал некој антибиотик. Уште повеќе што од околу 2.000 луѓе, колку што досега се заразени, сите не ја добиваат најтешката форма на инфекцијата што ги напаѓа бубрезите, туку само од пет до 15 отсто, што зависи од возраста, од имунитетот и од генетиката. Затоа и се нашол некој антибиотик или микс од антибиотици што дејствуваат на бактеријата. Но, сигурно не може да биде некој нов антибиотик зашто за тоа се потребни најмалку 15 години“, појаснува д-р Петровска.

Затоа лекарите сугерираат дека секој сомнителен случај треба навреме да се јави на лекар или инфектолог. Посебно ако го има карактеристичниот симптом - крвава столица.

„Најголема грешка е што сами се лекуваат дома и земат лекови за спречување проливи. Земањето антибиотици може да биде контрапродуктивно, може да ги уништува бактериите што нормално ги има во цревата, па уште повеќе да се размножува опасната бактерија“, предупредува д-р Петровска.

Од Инфективната клиника до Институтот за микробиологија редовно доаѓаат примероци од измет за сомнителни случаи. Но, д-р Петровска тврди дека тоа се поединечни случаи и засега не е детектирана опасната бакетрија. Таа додава дека во нивните лаборатории има тестови за утврдување на отровот на бактеријата, што е доволно за дијагностицирање.


#
Статијата е прочитана 877 пати.

Испрати коментар

Од: Gjore
Датум: 07.06.2011 00:30:40
А смее ли да се јаде овошје и зеленчук наместо да се „консумира“, една селанка од едно крушоско село ме праша „Синкооооу али мојд овдаа да се консумират?“, И` одговорив, немојт теткоооу, мојт да се пијат... Прво се намршти па се се изнасемја. Па така и Утрински.

Најди! во Утрински
Македонија
Прванов
УЈП во поход по парите, А1 не се предава
Црквата во Мала Речица никнува од темел
Тирана не поддржува размена на територии
Дополнителни 400 транспортни дозволи

"""