Тирана не поддржува размена на територии
Тирана - Албанскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата, Едмонд Хаџинасто, ги отфрли тезите на одредени српски кругови за поделба или размена на територии. Нагласувајќи дека размената на територии би значела формирање чисти етнички држави и промена на границите, тој изјави дека „овие тези ни најмалку не се во согласност со актуелната клима, која владее во целиот регион, со процесот на интегрирање на сите балкан��ки земји, со пријателскиот дух што постои и секојдневно се зацврстува меѓу земјите од регионот“. Според него, тезите што се против ваквиот дух не се во прилог на интегративниот процес на секоја земја и се контрапродуктивни и штетни за која било земја што промовира или поддржува вакво нешто. (МИА) |