Број 2947  петок, 27 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Маневски го фали судството, судиите загрижени за буџетот

Жаклина Хаџи-Зафирова

Судовите во Македонија минатата година ја почнале со 1.093.552 предмети, што е за 8,2 отсто повеќе во споредба со претходната година. Буџетот за судовите лани бил помал за 15 отсто, за што од судската власт апелираат дека е можно во иднина да се соочат со тешкотии. Од идниот месец ќе почне и оценувањето на судиите. Овие факти, кои ги загрижија судиите, вчера беа во сенка на пофалбите кои стасаа од првиот човек во Министерството за правда, министерот Михајло Маневски, кој рече дека судството прв пат во седумнаесет години се менува на подобро. Платите во судството растат, се намалува бројот на предметите, тие се решаваат ефикасно, а неколку судови се од корен реновирани, набројуваше вчера министерот Маневски додека се разгледуваа годишните извештаи за работата на судовите.

Според анализата на Врховниот суд, повеќето судови успеале да го совладаат приливот на нови предмети, со исклучок на Основниот суд Скопје 2, апелационите и Управниот суд. „Во 2007 останале нерешени 1,17 милиони предмети, а на крајот на 2008 година останале нерешени 944.721 предмет, што е за 19,5 отсто помалку“, се вели во извештајот што го презентираше Врховниот суд.

Министерот за правда смета дека сега во судството има поефикасни резултати во споредба со ситуацијата пред седумнаесет години. Според него, индикатор за добрата работа на судовите е и враќањето на довербата на граѓаните во судството, што го покажало истражувањето на УСАИД, каде што 78 отсто од граѓаните ја дале довербата на судовите. Министерот се пофали и дека прв пат се води сметка и за условите во судовите, за што посочи дека во десетина судови се направени коренети реновирања. Тој нагласи дека и платата на судската администрација е покачена за 55 проценти во претходниот период.

„Очигледно дека судовите се престројуваат и се создаваат основни претпоставки за поефикасно работење. Тоа го предвидуваме и во новите закони што ги подготвуваме“, рече Маневски. Маневски, притоа, ги посочи законите за платите на судиите и за судовите според кои ќе се вреднува работата на судиите.

„На тој што ќе биде оценуван дека две години едноподруго се истакнува наредната плата еднократно може да му биде покачена до 70 проценти. Додека, има определени мерки со кои ќе се коригира однесувањето оној што по оцена на Судскиот совет нема да покажува резултати“, изјави министерот.


Статијата е прочитана 270 пати.

Испрати коментар

Од: Pravnik
Датум: 27.03.2009 00:22:02
Kako nema da go fali sudstvoto koga go napravi po svoj kejf i po kejfot na negoviot sef! Ubavina! Dvajcata ,,majstori,, pravat sto sakaat! ,,Pravna drzava a la Gruevski i Manevski,,! Pa posle Cacko bil vinoven sto portite na NATO i EU se zatvoreni za Makedonija!
Од: Petar.k
Датум: 27.03.2009 09:09:11
Moj predlog sudstvoto samo da si stvori budzet pa togas ke stane nezavisno togas samoto sudstvo ke gi bara majstorite na kriminalot zosto znaat kade se parite i koga ke se borat da zemat plata nema da go viknat na raspit zemjodelecot tuku kriminalecot togas i samite ke go proceslaat natresno sudstvoto koga ke vidat deka budzetot ne im se polni.Togas nema da im treba ministerot da gi tapka po plejcite i im kaze kako dobro si ja zavrsile rabotata.Togas i sitnite kriminalci ke se pozamislat posto na nivnite bosovi ke im sekanat slavinite.Duri togas i Makedonskiot i Albanskiot sudija ke se pozamislat dali da oslobodat nekogo posto ke si ostanat bez plata.Se duri se na drzaven grb ke imaat pritisoci od politicarite i tajkunite. Istoto vazi i za policijata.
Од: Metuzalem
Датум: 27.03.2009 09:38:31
Aman ovaj " metuzalemskireformator" na sudstvoto nega se trgne i vitosa vo penzija. Bruka e za Makedonija
Од: миле
Датум: 27.03.2009 12:35:00
Веке ни слуша ни гледа. Фалел! Ја пустил летата што му ја навиле. Стар комуњар.
Од: nekoj
Датум: 27.03.2009 15:38:29
ha ha ha ha ha ha ha sudstvoto go fali, ha ha ha

Најди! во Утрински
Политика
Албанските гласачи стануваат алергични на избори
Антикорупционерите повторно му се закануваат на Костовски
ВМРО-ДПМНЕ отвори фронт за дискредитирање на Фрчкоски
ДИК одби приговори поради немање доказ
НСДП- Двојни аршини на Антикорупциска
Груевски- Германија не е против влезот во ЕУ
Антикорупциска комисија, засега, ќе молчи за признанието на Иванов
Маневски- Има проблеми со Избирачкиот список