Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

Повеќе трошиме, а помалку се грееме

Македонија годишно троши од четири до пет пати повеќе топлинска енергија во однос на европски��е земји, свеста за енергетската ефикасност е се' уште многу ниска, а мал е бројот и на оние што навистина го разбираат нејзиното значење без да го мешаат со заштедата на енергија и со обновливите извори на енергија.

„Штедењето енергија не е енергетска ефикасност, туку нејзин производ. Енергетската ефикасност значи домаќинско користење на енергијата. Целта, всушност, е да се задоволат потребите со што помалку енергија“, нагласи Јордан Војнески, експерт за енергетска ефикасност на вчерашната прес- конференција во Стопанската комора.

Според него, објектите во земјава годишно за загревање трошат од 120 до 150 киловат-часови по квадратен метар, а во Европа од 35 до 50 киловат-часови. Грејната сезона, пак, кај нас трае 180 дена, а во Европа 270.

Војнески напомна дека од 2005 година наваму ниту една издадена градежна дозвола не е усогласена со законот во однос на енергетската ефикасност. „Македонија има законска регулатива за енергетска ефикасност, но таа не е усогласена со европската. Недостасува правилникот што треба да гарантира дека идните објекти, кои допрва ќе се градат, ќе бидат енергетски ефикасни. Во националната енергетска стратегија, пак, не е дефинирано нивото на дозволена потрошувачка на топлина“, рече Војнески и додаде дека властите што даваат дозвола за градба треба да знаат дали идните објекти ќе бидат енергетски ефикасни.

Енергетската ефикасност да се насочи кон постојните објекти, препорачуваат експертите. Според нив, реконструкцијата на фасадите, која покрај фарбање вклучува и топлинска изолација, е од 20 до 30 отсто поскапа, но придобивките потоа се многу поголеми. (МИА)


#
Статијата е прочитана 822 пати.

Испрати коментар

Од: Македонија
Датум: 30.11.2010 13:14:32
Нека појдат по канцалариите на административците,по пет греалки вклучуваат госпогите.Јас секогаш им велев дека се непријатели на државата во мојата фирма жените.Не беше случај тоа со машките службеници,сем некој што се измеѓу жена и маж.Никогаш,скоро никогаш не вклучував греалка и кога беше студено,ама затоа моите колешки има по пет греалки.Женската администрација требе да се намали.Ова озбилно го велам од искуство.Мојата фирма пропадна па и поради тоа големи долгови за струја.Во ЕЛС гледам некој баби близу 6о со по две греалки ги кријат по биро..Жена што нема високо образование,а има 5о години дома да си се топли.Поздрав !

Најди! во Утрински
Економија
Со германска помош ударнички ќе се обновуваат хидроцентрали
ТАВ заинтересиран и за загрепскиот аеродром
Тајкуните сакаат поголем данок
Лет во место за „Скај вингс“
Цените на недвижeн имот во Париз рушат рекорди
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society