Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

Лет во место за „Скај вингс“

На авиокомпанијата „Ер лифт“ и' се дадени три месеци да ги расчисти долговите, во спротивно може да остане без дозвола за работа

Соња Маџовска


Авиокомпанијата „Ер лифт сервис“ во сопственост на туроператорот „Скај вингс“ ќе остане приземјена се' додека не си го плати долгот од 133.000 евра кон „Македонска навигација“. Првите луѓе на „Ер лифт“ вчера, наместо во Контролата на летање, спрема која имаат долгови, се обратиле за помош во Агенцијата за цивилно воздухопловство. Оттаму, пак, решија да им дадат три месеци да ги расчистат финансиските проблеми, во спротивно можат да останат без дозволата за работа. „АЦВ вчера на авиокомпанијата ’Ер лифт сервис‘ и' изрече привремено решение за работа и и' наложи во најкраток можен рок да поднесе план за реструктуирање на долговите. Доколку во рок од три месеци не спроведат исплата на долговите, ќе бидат преземени сите мерки. Ако овој проблем не се реши, ќе биде разгледано дали ќе и' се земе статусот на редовен авиопревозник и ќе се врати на чартер-летовите, а може и целосно да ја изгуби дозволата за летање“, изјави вчера Дејан Мојсовски од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Од „Македонска навигација“, пак, информираа дека и вчера немало никаква промена во поглед на долгот, не биле уплатени ниту дел од парите, така што тие и натаму нема да и' даваат услуги на оваа авиокомпанија.

Од „Ер лифт“, пак, уверуваат дека многу брзо ќе го решат овој проблем. Но, официјално не испратија никакво известување. Тоа не го направија ниту викендов кога патниците што требаше да летаат за Цирих и за Дизелдорф беа принудени да останат на скопскиот аеродром. Дел од нив се вратиле дома, а дел биле преместени да заминат кон посакуваната дестинација со други авиокомпании.

Во целиов случај поради неплаќањето на долговите, кое се провлекувало веќе една година, и блокадите од страна на Контролата за летање, кои беа спроведени викендов, излегува дека најмногу претрпеа патниците. Од Агенцијата за цивилно воздухопловство ги информираа сите патници дека поради откажување или долго одложување на летовите може да поднесат жалба до авиокомпанијата и преку формулар поставен на Интернет-страницата на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Доколку во рок од шест недели по приемот на жалбата авиокомпанијата не им одговори или патниците не се задоволни од одговорот, формуларот ќе треба да го испратат до АЦВ, по што таа има надлежност да преземе мерки за обесштетување. Авиокомпанијата може да добие и казна до 5.000 евра, а патниците можат и индивидуално да ја тужат.


#
Статијата е прочитана 880 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Економија
Со германска помош ударнички ќе се обновуваат хидроцентрали
ТАВ заинтересиран и за загрепскиот аеродром
Тајкуните сакаат поголем данок
Цените на недвижeн имот во Париз рушат рекорди
Повеќе трошиме, а помалку се грееме
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society