Дизелот поскапува за половина денар
Малопродажните цени на еуродизел и на екстра лесното масло за домаќинство од денеска се повисоки за половина денар од литар, додека цената на бензините останува на досегашното ниво, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еуродизелот ќе се продава за 57 денари за литар, а екстра лесното масло за 46 денари. Цените на еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 остануваат 68 денари, односно 69,50.
За 0,871 денар поскапува мазутот М-1 НС, со што килограм од овој енергенс ќе чини 31,616 денари.
Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,20 отсто, а на малопродажните за 0,97 проценти. (Ек.Р) |