Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

Постојат и добри капиталисти

На 1 февруари наредната година, два месеца пред планираното, 85 илјади вработени на „Бош“ ќе добијат зголемување на платата

Добри капиталисти - се' уште постојат и такви. Кај лиферантот за автомобилска индустрија „Бош“, 85 илјади вработени на 1 февруари наредната година, два месеца пред договорено, ќе добијат зголемување на платата од 2,7 проценти. „Нашите соработници во кризата му беа лојални на претпријатието, прифатија кратења на платата. Оттука, за мене е израз на фер-однос ние да и' оддадеме признание на лојалноста и сега предвреме да ги зголемиме платите“, вели Волфганг Малхо, раководител на персоналниот оддел во групацијата „Бош“.

Во текот на кризата и други германски претпријатија се обидоа да го задржат долгогодишниот персонал и се послужија со инструментот „скратена работа“: вработените добиваат помали плати за намален обем на работа и додаток од државата. Сега, во време на подем, повторно се напушта „скратената работа“, дури се вработува и дополнителен персонал, што доведе до „германското чудо со вработувањето“, на што други земји гледаат со завист.

Ова не се совпаѓа со сликата за претприемачи што единствено се стремат кон профит и најавуваат масовни отпуштања од работа - и покрај растечката добивка, а за тоа добиваат пофалби од своите акционери. Таквото краткорочно максимирање на добивката, Ханс-Паул Биркнер, претседател на Управниот одбор на „Бостон консалтинг груп“, и онака го смета за еднострано. Особено семејните претпријатија со долга традиција, вели тој, имаат силна претприемачка филозофија „... која е насочена кон муштериите, но и кон вработените, кон севкупното опкружување, општината во која функционираат; тука има една силна поврзаност и високо чувство на одговорност“.

Таа претприемачка филозофија се пренесува од генерација на генерација и е од клучно значење и кај интернационализацијата, смета Биркнер, оти малите семејни претпријатија честопати прераснуваат во концерни што дејствуваат глобално.

Токму во такви фирми од пред повеќе од десет години се води дебата за културата на негување на вредности. Волшебниот збор гласи „споделени“ или „заеднички вредности“.

„Во онаа мера во која претпријатието дејствува интернационално мора да изнајде некоја заедничка база на вредности. Тоа не значи сите да бидат еднакво платени, туку да има пристојни, прифатливи работни услови, да бидат испорачувани пристојни производи со добар квалитет, како на странските пазари, исто така, и на домашниот пазар“, објаснува Ханс-Паул Биркнер.

Во канонот на вредности спаѓа и себесфаќањето како дел од општеството, и тоа не само во производните погони дома. Најголемиот светски хемиски концерн БАСФ, на пример, е деловно активен во Африка, но дава и конкретен придонес за училишното образование на тамошните деца. За тоа зборува Џон Фелдман, член на раководството на концернот.

„Ние спонзориравме проект со кој децата добија пластична подлога за пишување, бидејќи немаа училишни клупи на кои ќе можеа да учат да пишуваат. Подлогите си ги носат со себе на училиште, а можат и да им ги предадат на браќата и на сестрите, кога тие ќе одат на училиште. Тоа е многу успешен проект со едноставни средства“.

Во изминатата криза многумина видоа крај на капитализмот и побараа нов систем. Ханс-Паул Биркнер од „Бостон консалтинг груп“, меѓутоа, предупредува избрзано да не се отпишува пазарното стопанство.

„Не смееме да заборавиме дека изминатите 20 години беа една од најуспешните фази во историјата на стопанството, но и на општеството“.

Во тој временски простор во светот беа создадени 800 милиони работни места, иако еден дел од нив повторно беа загубени за време на кризата.


#
Статијата е прочитана 1173 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 09.11.2010 12:17:57
E ovie moze da se narecat firma, BRAVO!
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 09.11.2010 12:38:17
Ау, до каде стигнале Германциве....скоро, па ќе не стигнат :)
Од: da be
Датум: 09.11.2010 14:03:36
A ako vnimatelno go citate tekstot ke vidite deka se e PR....Vo tekstot se veli citiram: Нашите соработници во кризата му беа лојални на претпријатието, прифатија кратења на платата....znaci ako nekoj prifati pomala plata i sega dobiva 2.7% zgolemuvanje toa vsusnost e vrakanje na izgubenoto a ne zgolemuvanje

Најди! во Утрински
Економија
Македонија се' поблиску до заемот од ММФ
Нема веќе евтино возење на плин
Владата ќе троши 300 илјади евра на час
Бугарските возила се менуваат како чорапи
Дизелот поскапува за половина денар
Нови кредити за земјоделците од Шпаркасе






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'