Брoj 2775  сабота, 30 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Големите фармери контра протестот на млекарите

Тие тврдат дека штетите ќе бидат огромни и некој ќе мора да преземе одговорност за тоа

На вториот ден од протсетите на млекарите, дел од сточарите, пред се' поголемите, застанаа контра овој штрајк, потенцирајќи дека тие сакаат да го предадат своето млеко, но се спречени од луѓе кои не живеат од земјоделство. Дел од млекарите со кои контактиравме вчера ни изјавија дека тие ги поддржуваат барањата на фармерите, но дека овој протест за нив носи големи штети, кои потоа ќе нема кој да им ги надомести, па некој ќе мора да сноси одговорност. Овие сточари се категорични дека живеат само од производство и продажба на млеко, па затоа се револтирани што некој ги спречува да ја вршат својата дејност, која им е единствена за егзистенција. Дел од индивидуалните земјоделци од Скопско обвинија дека актуелниот протест, зад кој застана ФФМ, не го организираат вистинските сточари, туку луѓе кои земаат пензија и плата од државниот буџет.

„Вистинските производители што живеат и егзистираат од продажба на млеко не го поддржуваат штрајкот. Протестот го организираат луѓе - пензионери, луѓе кои земаат плата од државниот буџет, кои веќе нешто работат, а млекопроизводството им е дополнителна дејност“, изјави Ѕвонко Најдовски од село Кадино. Тој вчера во „Сведмилк Македонија“ сакал да предаде 450 литри млеко, но не бил во можност поради механизацијата која, како што посочи, вчера ја поставиле некои т.н. фармери. „Кој ќе ми ја плати штетата, по 26 денари за секој литар, и што со фармите кои имаат пет или осум тони млеко“, прашува Најдовски. „Од 1 јануари годинава имаме Правилник за млеко кој го дефинира квалитетот што е, пак, услов за откуп, односно за формирање на цената. Мора да бидеме објективни. Основна цена се бара од Буџетот, а цената и условите во пазарно стопанисување ги диктира пазарот. Јас ќе го дадам млекото и за 20 денари“, рече Најдовски.

И Горан Митров, сточар од Сушица, не го поддржува актуелниот протест. „Ова не е решение, само ја влошува ситуацијата. Сакам да го предадам млекото, но млекарницата со која имам потпишано договор не може да го земе зашто е блокирана. Доколку за два до три часа млекото не го предадам, ќе треба да го истурам, а имам 10 тони што би било огромна загуба“, изјави Митров.

Став на Министерството за земјоделство е да продолжат разговорите меѓу производителите и преработувачите со цел да се најде решение што ќе им одговара на двете страни.

Вчера, пак, од Битола пристигнаа информации дека на македонската млечна криза и' се заканува судска разврска, во која нема да се знае кој кого тужи и кој од кого ќе бара отштета. Први интервенираат од „ЗК Пелагонија“ од Битола, кој не знае како да се справи со над 36 тони сурово млеко собрано во изминатите два дена, поради блокадите од фармерите на двете нај��олеми млекарници во државата- ИМБ и „Идеал шипка“. За судски епилог размислуваат и од ИМБ. Оттаму предупредуваат дека протестите можат да излезат од контрола, поради што побарале и полициска асистенција за заштита на приватниот капитал. Но, како што велат од прес- службата, МВР досега не интервенирало.

Иванчо Гулевски, еден од раководителите на ЗК „Пелагонија“, вели дека штетите што ги трпи комбинатот од протестите се значителни, по што комбинатот вчера ја ангажирал правната служба. „Имаме складирано премногу млеко. Веќе не ќе можеме да го чуваме и ќе мора да го истуриме. Ние дневно дистрибуиравме по 25 тони, а сега се собрани над 36. Штетите се значителни“, вели тој. И поголемите фармери, што имаат над педесетина крави, бараат начин да го предадат млекото. Дел од нив велат дека штрајкот го прават ситните сточари, каде штетите се мали. Од ИМБ тврдат дека само 2 дена по штрајкот големите фармери побарале од нив да најдат начин да им го откупи млекото.

Од Штрајкувачкиот одбор негираат дека има раскол меѓу фармерите и и натаму остануваат на ставот дека блокади ќе има се' до исполнување на нивните барања. „Нема фармери што сакаат да го предадат млекото, туку има млекарници кои сакаат да го откупат. Некој сака да не' скара. А тоа што ’ЗК Пелагонија‘ е спречен да го дистрибуира млекото, тоа не е наш проблем, туку на млекарницата“, вели Драги Нечевски претставник на ФФМ. Пелагониските фармери направиле стратегија и организирале четири смени. Вклучени се сите села, така што во секој момент пред влезовите на млечните индустрии има по најмалку педесетина од нив. Не само што не ги пропуштаат камионите за собирање на млекото, туку го попречуваат движењето и на службените автомобили и надворешните соработници на млекарниците.

Од ИМБ велат дека досега имаат еден милион евра загуба, оневозможен е извозот во Грција и бараат државата да ги преземе работите во свои раце.

Од друга страна, битолските трговци предупредуваат дека штрајкот на фармерите ќе ги остави граѓаните без свежо млеко за пиење. Уште вчера маалските продавници останаа без млеко. (А.Б.-Н.Н.Ф.)

 


Статијата е прочитана 443 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Трагедија на Богородица
„Како се вика Македонија?“, се прашува париски „Ле монд“
Зденко
Во културата сега се купува интелектуален мир
Кобното брзо свртување на „цесната“
СДСМ ќе го чека Црвенковски
Насловна
Загревање за нова студена војна
Заладување на односите меѓу Исток и Запад
Бесплатно студирање на техничките науки на Штипскиот универзитет
Путин ги обвини САД дека го иницирале конфликтот во Грузија
Вербатим
Дали тарифникот прави смут во цената на парното
Карикатура