Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хроника

Уапсен разбојник што се заканувал со пиштол

Во два одделни деловни објекта, во Старата битолска чаршија во петокот попладне беа извршени две разбојништва. Првото разбојништво се случило во обложувалницата „Хоризонт Томислав“ на улицата „Жикица Јовановиќ-Шпанац“. Имено, непознато машко лице влегло во обложувалницата и со патент-нож и' се заканил на вработената. Тој побарал да му ги даде сите пари ��то се во обложувалницата, а кога му дала 2.800 денари, почнал да пребарува по фиоките. Откако не нашол ништо, повторно и' се заканил на вработената и побегнал.

Половина час подоцна, разбојништво било извршено и во менувачница „Венко“ на улицата „Трст“. Според кажувања на вработената, во менувачницата влегло непознато лице кое се интересирало за размена на српски динари и американски долари за денари, а потоа заминал. Петнаесетина минути подоцна, се вратил, но во едната рака држел пиштол, а во другата нож. Разбојникот одзел околу 40.000 денари.

По преземените мерки и активности, СВР - Битола го привела 20-годишниот М.К. од Битола, при што било утврдено дека тој бил сторител на уште едно разбојништво. (Ц.Х.)


#
Статијата е прочитана 660 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Охриѓанец со измама на холандски државјанин примил 237.150 евра
Истрагата за Ален Зекиров се' уште е отворена
Почина жена откако се запалила од печка
Масовна тепачка на приватна забава
Возач повредил жена и побегнал
Казнети полицајци поради спиење
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run