Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хроника

Охриѓанец со измама на холандски државјанин примил 237.150 евра

Измамникот ветувал делба на својата куќа во Охрид и обезбедување апартман што требало да носи годишен приход од 30.000 евра

Охридската полиција поднесе кривична пријава за својот сограѓанин Б.К. (39) за сторено дело измама, а по неговото спроведување во тамошниот суд, истражен судија му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Според пријавата, од април минатата година до јули годинава, Б.К. со цел да се стекне со противправна корист, го довел во заблуда холандскиот државјанин Ј.Ј. од кого успеал да земе 237.150 евра. Имено, Б.К. му ветувал на Ј.Ј. дека ќе му овозможи стекнување приходи од издавање куќа и луксузен апартман.

Со идеја да го уреди својот дом, Б.К. во мај минатата година му предложил на холандскиот државјанин да инвестира во реновирање и доградба на неговата куќа во Охрид. Притоа, тој му ветил поделба на куќата на половина, а потоа куќата, наводно, ќе им се издавала на лица од француската амбасада за 30.000 евра.

Кога минатото лето Ј.Ј. дошол на одмор во Охрид, Б.К. го однел да погледне еден станбен објект во изградба во близина на зградата на Општина Охрид. Тој му кажал дека планира да го купи последниот кат, со површина од околу 142 квадратни метра и да го претвори во луксузен апартман што ќе го издава на туристи од Турција и од Франција. Веројатно за да биде уште поубедлив, Б.К. го запознал Холанѓанецот со човек од Охрид, кој бил претставен како градител на објектот. Холанѓанецот поверувал дека со издавањето на апартманот ќе се стекнат со годишен приход од 30.000 евра и дека апартманот ќе биде негов, во неколку наврати му исплатил на Б.К 115.650 евра. На овој износ се надоврзал и оној од 50.000 евра што го исплатил Холанѓанецот откако Б.К. побарал од него мебел и уметнички дела за опремување. Така, на Б.К., преку холандска компанија, му бил испорачан луксузен мебел, уметнички дела и антиквитети.

Запознавањето на Б.К. со Холанѓанец се случило пред две години кога преку електронска пошта го информирал Ј.Ј. дека е менаџер во Канада, со сопствена куќа што ја продал заради студии како контролор на летање во Прага, а дека во Охрид е позната и почитувана личност.

Од охридската полиција потврдуваат дека за Б.К. се води судска кривична постапка за бесправно градење. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 1355 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 20.12.2010 22:28:43
Ma ne go ni procitav do kraj natpisot...taman ohridani se poraduvaa deka ke im se vratat Holandanite..i ke im cuti turizam kako vo Monako..eden taka komentator od Ohrid se falese ono ohridanite toa Monako go svatile vo obraten smer...seka tesko i skopjanite da im pravat biznis ili kupat stan zosto macka vo vreka ne se kupuva ..a tie ne gradat onolku kolku sto trebe da si go zastitat gradot i svoite ziteli tuku zinale za pari i lesna zarabotuvacka ...neznaat deka Ohrid nema poveke da bide grad na ohridani kako sto e sega Skopje bez skopjani...!!!

Најди! во Утрински
Хроника
Истрагата за Ален Зекиров се' уште е отворена
Почина жена откако се запалила од печка
Уапсен разбојник што се заканувал со пиштол
Масовна тепачка на приватна забава
Возач повредил жена и побегнал
Казнети полицајци поради спиење
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run