Почина жена откако се запалила од печка
Во кичевското село Козица завчера се случила трагедија во која животот го загуби Арсена С.(83). Имено, во куќата каде што живеела сама, од печката на дрва најпрво и' се зафатиле алиштата, а потоа и таа самата. Од изгореници што го здобила по целото тело, Арсена починала. Смртта ја констатирал лекар од Медицинскиот центар во Кичево, а увид на самото место извршија кичевската полиција, јавен обвинител и истражен судија, по чија наредба телото на починатата било предадено за обдукција. (Љ.С.) |