Масовна тепачка на приватна забава
ТЕТОВО - Две групи млади луѓе се претепале пред угостителски објект во кој се одржувала приватна забава. Според СВР - Тетово, пред „Сити кафе“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир кога група четворица на возраст од 22 години сакале да влезат во локалот. Иако четворицата биле предупредени дека се одржува приватна забава, дојденците се обиделе да влезат сосила. Во р��справата се вклучил и сопственикот на локалот, кој прв бил удрен, а потоа настанала тепачка меѓу двете групи, во која освен тупаници и клоци, биле употребени и стаклени шишиња. Во општата тепачка најдебелиот крај го извлекол Л.Н. (22), кој се здобил со сериозни повреди на главата и завршил во Клиничката болница во Тетово. Во овој локал и порано се случувале тепачки, а во сите случаи полицијата се справувала со оние што го нарушувале јавниот ред и мир. (Г.Е.) |