Број 3087  среда, 16 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура
Културниот процес се гради на локално ниво

„Децентрализацијата на културата ги отвора вратите кон европските партнерства“, беше заклучокот на вчерашната конференција која на тема: „Децентрализацијата на културата во Република Македонија и Франција/Регион Долна Нормандија“, се одржа во „Мала станица“. Конференцијата ја организираше Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“, во рамките на долгорочниот проект за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија, Франција и Македонија, а на неа учествуваа градоначалници, претставници на јавните институции, советници, културни оператори, претставници од министерствата за култура на Македонија и Франција.

Вршителот на должноста амбасадор на Франција во Македонија, Изабел Гинел, во обраќањето пред присутните рече дека соработката на Македонија со Долна Нормандија има една посебна одговорност затоа што се случува во еден историски момент. „Ова ваше партнерство се развива во момент кога вашата земја се приближува кон својот датум за преговори за членство. Извештајот за напредокот на Македонија првпат има добри шанси да биде позитивен. Се работи на земја-кандидат за членство која ќе влезе во втората фаза на Договорот за асоцијација, која успеа да добие позитивен извештај, која веќе се соочува со либерализација на визен режим за 2010 година, значи се понапред во процесот на приклучување кон Европа. Ова е панел за конструирање и развој на културниот процес на локалното ниво. Често пати културниот процес се гради на локално ниво. Соработката меѓу Македонија и Долна Нормандија почна со културни и образовни акции, но сега има многу повеќе од тоа. Се одржаа акции концентрирани на откривање на културното наследство во Берово и работилници на фотографија, туристички активности на отворено итн“, рече Гинел.

Заменик-министерот за локална самоуправа пак, Фарук Фератоски, поздравувајќи ја поддршката на Франција за реализација на Програмата за соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија, рече дека со Законот за локална самоуправа, културата е област во која има висок степен на децентрализација и оти општините можат да основаат локални установи од областа на културата. Заменик-министерот за култура, Драган Недељковиќ, рече дека Македонија и Франција низ историјата и во денешнината одржуваат контакти на културно поле, а меѓусебната комуникација оди во нагорна линија, што е значајно за Македонија во процесот на евроинтеграциите и приближувањето кон големото европско семејство. „Пример за ова се многубројните заеднички проекти и конкретни спогодби потпишани изминатите години. За актуелноста на културните врски сведочат педесетината уметници кои дојдоа во Скопје и презентираа свои дела во рамки на Биеналето на млади уметници од Европа и Медитеранот“. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 172 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Уметниците предупредуваат на судбината на Земјата
Последниот танц на Патрик Свејзи
Промоција на Македонската енциклопедија на МАНУ
Под закана одложена претстава во Албанскиот театар
Поетски портрет на Тодор Чаловски во Кратово
Александра Петрушевска изложува во Виена