Под закана одложена претстава во Албанскиот театар
Албанскиот театар, вчера испрати допис во кој соопштува дека претставата „Генерал на мртвата војска”, која требаше да се изведе синоќа во 21.30 часот се одлага. Како причина поради која се одложува претставата беше посочено дека актерите кои играат во претставата се под закана од страна страна на нивниот колега Улбер Муртези, поранешен вработен во Националната установа Албански Театар - Скопје.
По добивањето на оваа информација контактиравме со претставници на оваа институција, но оттаму немаа соодветен одговор. Никој не знаеше за што всушност станува збор. Како што ни беше соопштено, во моментот директорот бил во полициска станица, а заканите биле упатени усно до актерите, а зошто - не знаеја да ни кажат. (К.Р.) |