Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Радиодрамата „Массисдонија“ премиерно на Би-Би-Си

Играната радиодрама „Массисдонија“ е во режија на Тоби Свивт, а по музика на Никола Коџабашија

На 6 февруари во 21 часот по македонско време, на програмата на британското Би-Би-Си радио 3, премиерно ќе се емитува играната радиодрама „Массисдонија“, во режија на еминентниот Тоби Свивт. Оваа фарсична сатирична комедија е работена по текст на ирскиот драматург Колин Тиван, и претставува инспирација од настаните и искуствата за време на неговото гостување во Македонија, кога пред повеќе од една година го поставуваше својот текст „Алкмеон во Коринт“ во Битолскиот народен театар. Кастингот на радиодрамата е составен од познати британски актери, како и двајца македонски дебитанти. Музиката ја работеше македонскиот композитор кој живее во Лондон, Никола Коџабашија.

Како што вели Коџабашија, музиката за „Массисдонија“ е снимена со прочуениот хор „Би-Би-Си Сингерс“. Текстот, пак, е посветен на Ацо и Бојана Дамјановки од Битола, како и на ансамблот актери при Битолскиот народен театар.

Инаку, драмскиот текст на Тиван не претендира да биде документарен, ниту, пак, намерно да отсликува настани и луѓе од спомнатиот период и место, туку едноставно, е приказна за разликите на културите, за дисхармонијата меѓу Западот и Југоистокот, или поконкретно, англо-центризмот наспроти балканштината, но и приказна за лојалноста и љубовта. „Насловот ’Массисдонија‘ е резултат на своевидна метафорична сатира кон ирацоналниот проблем за името на Македонија со Грција. Би додал дека текстот на моменти реминисцира со ’Мисија Лондон‘, бугарско-македонската копродукциска филмска комедија“, вели Коџабашија.

Во поширок контекст на овој настан, пак, на програмите на дигиталното Би-Би-Си Музичко радио 6, до крајот на февруари во разни емисии и термини ќе се емитува ретроспектива на современата македонска музичка сцена, составена по избор на Никола Коџабашија, а во соработка со уредникот на Би-Би-Си Мјузик, т.е. музика од албумите на „Фолтин“, „Беј д Фиш“, „Бернајс пропаганда“, „Љубојна“, Зоран Маџиров, Коџабашија... Кон средината на февруари, пак, со критички осврт ќе се емитува во целост ЦД на Никола Коџабашика снимано во живо со Македонската филхармонија, насловено „Експлозија на сеќавања“ со поднаслов „Литературно платно за оркестар“, со гостите Кирил Џајковски и Крис Катлер. (Т.И.)


#
Статијата е прочитана 418 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Скопје кога „сите беа еднакви“
„Крај-пат“ - локално универзална приказна
Прво гостување на Мисирков во Франција
„Готен“
Уникатна документација за Македонија
Нови директори на културни установи