Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Прво гостување на Мисирков во Франција

Во медитеранскиот центар „Турски“ во Марсеј од 25 до 30 јануари ќе се одржи „Недела на македонската култура“

Денеска во Интернационалниот центар за креација на Медитеранот во Марсеј, Франција, ќе почне манифестацијата „Недела на македонската култура“, која ќе трае до 30 јануари. Во рамките на оваа петдневна манифестација ќе се прикаже филмот „Тајната книга“ на Владо Цветановски, а ќе се одигра и претставата на струмичкиот театар „Антон Панов“, насловена „Последниот ден на Мисирков“ во режија на Дејан Пројковски, но фокусот ќе биде на Крсте Петков Мисирков и на сето она што значело неговото дело за нашата земја.

Во таа смисла и на официјалната веб-страница на познатиот медитерански центар на Ришар Мартен, кој го носи името на основачот „Турски“, е поместен голем текст посветен на Мисирков. Во него тој е претставен како глоптротер што зборувал голем број јазици, кој зад себе оставил бесмртно дело, но како и сите идеалисти на крајот на животот немало кој да го чествува. Во овој напис Мисирков е споредуван со Теодор Херцел, чие дело се сме��а за основа на еврејската држава, исто како што опусот на Мисирков, а особено „За македонцките работи“, се сметаат за своевиден темел на нашиот јазик и држава.

Деновите на македонската култура ќе почнат со филмот „Тајната книга“ на Владо Цветановски, за кој ќе зборуваат актерот Тиери Фремон и легендарниот сценарист Жан Клод Карие, кој во овој филм беше и актер и косценарист. Веднаш потоа на Институтот за медитерански студии предавање ќе одржи Јордан Плевнеш, кој ќе говори за Македонија, за нејзината историја и сегашност, како и за нејзиното место и значење во контекст на медитеранскиот регион.

На 28 јануари ќе настапи Струмичкиот театар со претставата „Последниот ден на Мисирков“ според текст на Јордан Плевнеш, а во режија на Дејан Пројковски. Претставата, која зборува за идентитетот на Македонците, претставува еден вид заокружување на оваа програма, која прави интересен осврт и патување низ историските и сегашни лавиринти на Македонија, заглавена на својот пат кон интегрирањето... Мисирков во претставата го игра Крсте Јовановски, а во другите улоги се појавуваат: Стојан Велков, Кире Ѓорѓиев, Ванчо Крстевски, Ангелина Тренчева, Коло Черкезов и други. Сценографијата во претставата е на Владо Ѓорески, костимите на Благој Мицевски, а музиката ја потпишува Горан Трајковски. Како што ни рече Плевнеш уште пред своето заминување во Марсеј, интересот за оваа манифестација бил голем, и веќе однапред сите билети биле распродадени. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 368 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Скопје кога „сите беа еднакви“
„Крај-пат“ - локално универзална приказна
Радиодрамата „Массисдонија“ премиерно на Би-Би-Си
„Готен“
Уникатна документација за Македонија
Нови директори на културни установи