Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Глобализацијата и скептиците

Хенри Кисинџер

Ако јазот меѓу економскиот и политичкиот поредок не е суштински намален, двете структури ќе завршат ослабувајќи се меѓусебно

За прв пат во историјата почна да опстојува вистински глобален економски систем со изгледи за досега незамислива благосостојба. Во исто време - парадоксално - процесот на глобализација го доведува во искушение национализмот кој се заканува на неговото извршување. Основната премиса на глобализацијата е дека конкуренцијата ќе ги одвои најефикасните, процес што по дефиниција вклучува победници и губитници. Ако има вечни губитници, тие ќе се свртат кон ним познатите политички институции за помош. Тие нема да бидат смирени од оправданиот предлог дека бенефициите од глобалниот развој далеку ги надминуваат нивните трошоци. Освен тоа, за да останат конкурентни многу земји се обврзани да ги редуцираат нивните социјални закони, задача која е на пат да генерира внатрешни протести. Во периоди на економски загрижености, овие трендови се зголемени. Дебатата околу трговската политика во претседателската кампања во САД е токму таков случај.



Во развиените земји, глобализацијата на два начина влијае на внатрешната политика: подобрената продуктивност генерира парадокс на зголемена благосостојба проследено со поголема стапка на невработеност. Во исто време, таму се појавува миграција од работни места каде што се користи физичка сила, кои потоа се пополнуваат со работници од странство. Се развива судир на култури и национализам кој застапува исклучителност. Со самото тоа варијациите на протекционизам бараат домашна база.

Тој тренд се случува дури и во производствениот сектор на развиениот свет. Поврзани преку Интернет со слични индустриски и финансиски институции низ целиот свет, транснационалните компании дејствуваат на глобалните пазари опслужувани од вработени кои често пати имаат подолг стаж отколку оној на власта и помали ограничувања во нивните анализи.

Компаниите кои остануваат зависни од националната економија, главно, ги немаат истите можности. Во целина, тие вработуваат работна сила со најниски примања и најмрачен изглед. Тие тежнеат кон тоа да се потпираат на поограничени пазари и на националните политички процеси. Транснационалните компании се залагаат за слободна трговија и слободно движење на капиталот; националнит�� компании (и синдикатите) често пати притискаат за протекционизам.



Економските кризи очигледно ги зголемуваат овие тенденции. И глобализираниот финансиски систем има произведено периодични кризи речиси толку предвидливи колку и нивниот одржлив развој: во Латинска Америка во осумдесеттите години, во Мексико во 1994, во Азија во 1997, во Русија во 1998, во САД во 2001 и повторно во 2007 година. Иако секоја од кризите има различен активатор, нивна заедничка карактеристика се расипничките шпекулации и систематското потценување на ризикот. Во секоја следна деценија, улогата на ризичниот капитал се зголемува. За ризичниот капитал подвижноста е суштинска особина. Се залетува кога ќе се забележи можност, а се упатува кон излезот по првиот знак на проблеми, ризичниот капитал премногу често ги претвораше нагорните трендови во меури, а надолните циклуси во кризи.

Стратегиското влијание на глобализацијата ги иницира можеби најважните прашања на две нивоа: дали постојат индустрии неопходни за националната безбедност во кои странските инвестиции треба да бидат ограничени или дури спречени? Второ, кои индустрии мора да се заштитат од колапс за да се одржи одбранбената моќ на САД? Одговорите на овие прашања ги тераат самите да се злоупотребат. Но, тоа не е оправдување за избегнување на она со што мора да се соочат, а го диктираат националните интереси. Според тоа, меѓународниот систем се соочува со парадокс. Неговиот просперитет зависи од успехот на глобализацијата, но тој процес продуцира дијалектика што ќе може да дејствува спротивно на аспирациите. Менаџерите на глобализацијата имаат неколку можности да ги насочат политичките процеси. Менаџерите на политичкиот процес имаат поттик кој не мора да се совпаѓа со оној на економските менаџери. Овој јаз мора да се елиминира или барем да се намали.



Како почеток, ги нудам следниве нормативи:

- Прв императив е да се признае дека овие проблеми се недостиг на голем успех. Дебатата околу недостатоците на процесот не треба да прерасне во напади на неговата основна концептуална рамка, како што веќе премногу често се случува во претседателската кампања во САД. Политичките лидери мора да го избегнат, а не да го охрабруваат, протекционизмот што доведе до катастрофа во триесеттите години од минатиот век.

- Параметрите на границите на националната безбедност кон глобализацијата треба да се постават на национална основа наместо да се остават на групи на притисок, лобисти и изборни политики. Во САД следната администрација треба да формира двопартиска комисија на највисоко ниво која ќе проучи што ја конституира неопходната стратегиска индустриска и технолошка база во САД и мерките за нејзино зачувување. На високо место меѓу приоритетите мора да биде сериозниот осврт на образовниот систем што создава премалку инженери и технолози во споредба со нашите конкуренти. Критериумот треба да биде она што е од суштинско значење за националната безбедност, а не да се штитат компаниите од конкуренцијата потребна за глобалниот развој. Таа линија нема да биде лесно да се повлече, а напорите ризикуваат политичка манипулација. Меѓутоа, проблемот нема да исчезне и во еден момент ќе стане неподнослив.

- Меѓународните економски институции треба да бидат компетентни на сегашните предизвици. Годишниот самит на Г-8 организиран во 1975 година е средба на шест индустриски развиени демократии за да ги испланираат нивните економски и социјални иднини за време на првата енегретска криза. (Канада им се приклучи во 1976, Русија во 1998 година.) На првата средба во Рамбује, Франција, на секоја земја и' беше дозволено да учествува со тројца учесници, вклучувајќи го и претседателот, за да олесни искрени дискусии. Оттогаш, средбите дегенерираа во големи собири кои им служат на основните политички функции. Тие треба да бидат вратени на нивните првични цели, првобитно посветени на прашањата кои се однесуваат на долгорочното здравје на глобалната економија, вклучувајќи и давање можности на општествата што беа изоставени од учеството во глобалниот развој. Во тој процес треба да бидат вклучени Индија, Кина и потенцијално Бразил.

- Првичната Г-7 индустриски развиени демократии треба да продолжи да се состанува на ниво на министри за финансии за време на средбите на Г-8. Оваа Г-7 треба да биде обврзана, пред се', со решавање на домашните и социјални искривувања предизвикани од глобализацијата.

- ММФ, според сегашната конституираност, е анахронизам. Тој беше набљудувач во финансиските кризи на 21 век, кои беа произведени од постапките во приватниот сектор. ММФ се обиде да се адаптира, но премногу бавно: треба да биде реформиран.

- Зајмувањата што ја предизвикаа економската криза во САД бараат ургентно внимание и поголема меѓународна соработка. Расипничките и мрачни постапки беа евидентни долго пред појавата на кризата. Тие беа овозможени од изумот на финансиските инструменти што ги охрабрија шпекулациите додека пак ја замрачија природата на обврските. Во дебаклот на хипотекарните кредити, зајмувачите го загубија капацитетот да го проценат степенот на нивните обврски, а задолжените да ги разберат импликациите од нивните ангажирања.



Мора да се соочиме со моралните опасности. Постои неразделна контрадикција, кога на финансиските објекти им е дозволено да соберат извонредни профити и да управуваат со големи имоти, а потоа, кога ќе се променат условите, се прогласуваат за преголеми за да им се дозволи да пропаднат, барајќи од даночните обврзници помош за излез од кризата. Финансиските институции, без разлика дали станува збор за инвестициони банки или фондовите за заштита од ризици, треба да бидат нагледувани на начин што ќе ги заштити интересите на даночните обврзници. На крајот, ако јазот меѓу економскиот и политичкиот поредок не е суштински намален, двете структури ќе завршат ослабувајќи се меѓусебно.

(Авторот е поранешен државен серетар на САД. Текстот е објавен во Интернешенел хералд трибјун)


Статијата е прочитана 738 пати.

Испрати коментар

Од: borce devicanec
Датум: 05.06.2008 15:33:37
Go cenam avtorot, ama si ja vrti vodata na svojata vodenica. Go spomnuva g-7 i da se nastavi vo nekoj smisol. Po koja logika. Postoi g-8. A i nekoi od 9-10-11 gi nadminuvaat ekonomiite na Kanada , Avstralija, Obedinetoto kralstvo.. Zosto tie da ostanat, koga ima povlijatelni ekonomski zemji. A i voeno bogami. Ama na stariot volk, letecki diplomat toa ne mu odgovara.Samo poglednete go sojuzot megju Rusija, Kina i Indija (RIK). Pa poglednete ja Sangajskata organizacija za sorabotka i nejzinata perspektiva. Da ima multipolaren svet. Vistinska konkurencija. A ne globalizacija po zapaden terk.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Претходен број
Десетмина полицајци затруени од отровот кај Блаце
ДИК не смее да влезе во партиски шеми
Мистериозни камиони
СДСМ бара излез по оставката на Шекеринска
Со полиција иселено седиштето на ЛДП
Карикатура
МВР потврди дека полицајци биле дел од изборните нерегуларности
Радмила Шекеринска
Грчките војници сопрени на Богородица ги разбрануваа страстите
Verbatim