Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Поради болест, Панде Лазаров не дојде на судење

Поранешниот прв човек на „Електростопанство на Македонија“ Панде Лазаров (64) поради нарушена здравствена состојба не се појави на закажаниот почеток на судскиот процес против него за вчера. Тој е обвинет дека сторил кривични дела перење пари и други приноси со злоупотреба на службената положба и овластување.

Првото рочиште траеше само петнаесетина минути, а судијката Весна Димишкова во записник констатира дека одбраната на обвинетиот Лазаров доставила медицинска белешка од психијатриски центар, со која се потврдува неговата нарушена здравствена состојба и се препорачува лекување. Всушност, токму поради неприсуството на обвинетиот, судот донесе решение со кое судењето го презакажува за крајот на идниот месец.

Лазаров се товари дека заради остварување противправна имотна корист меѓу 1996 и 1998 година, од странски компании примил поголеми парични износи што му биле исплатени на сметки во странски банки.

Обвинетиот беше притворен кон крајот на мај оваа година, а кон средината на минатиот месец, откако беше понудена гаранција, тој беше пуштен да се брани од слобода. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 383 пати.

Испрати коментар

Од: lenin
Датум: 20.12.2008 01:30:43
kako koga zemaat pari se zdravi pametni nichto ne im fali chtom treba da odgovaraat odma se bolni do koga so vakvi finti.
Од: Mirko
Датум: 20.12.2008 01:53:50
Kako ovoj lopov na lopovite ne e vo zatvor tolku vreme? Gradocalnikot na Aerodrom mu dadoa 3 godini. Ova e golema kazna za donacija koja ja sobiral da ja zavrsi crkvata vo aerodrom. No sepak mislam deka treba da bide kaznet. Sepak ne mozam da razberam kako lopovi kako Pande, Ljubco itn ne se uste vo zatvor. Toj sto izbegnuva da gi kazni ke bide kaznet kad tad.
Од: jimmy1
Датум: 20.12.2008 14:08:54
Nie Makedoncite sme cuden narod. Koga kradat zdravi se kako trn, a koga im se sudi site se bolni. No taa bolest e nekakva posebna bolest, zaboluvaat samo aramiite.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Три години затвор за Кирил Тодоровски
Ден пред пресудата, градоначалникот делеше откази
Откриен бункер со оружје
Надгробна плоча падна врз гробар во „Бутел“
Обид за силување во село Страцин