Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Ден пред пресудата, градоначалникот делеше откази

Еден ден пред да му биде изречена тригодишната затворска казна, градоначалникот на Општина Аеродром, Кирил Тодоровски, потпишал три отказни решенија. Без образложение, градоначалникот одлучил отказ да му даде на синдикалниот водач во општината, на еден од чуварите и на вработен кој повремено ја вршеше функцијата возач на бившиот в.д. градоначалник Југослав Зиберовски.

Сите тројца, според вработени во општината, кои инсистираа да останат анонимни, не ги примиле решенијата, туку кога дознале за ненадејната одлука на Тодоровски веднаш заминале дома со намера во наредниот период да користат боледување.

Уште десетина вработени, по вчерашниот исход од судскиот процес против градоначалникот, заминале на боледување.

„Господ нека ни е напомош. Не можеме да претпоставиме што се' ќе се случува од понеделник, имајќи го предвид карактерот на градоначалникот. Не можеме да бидеме сигурни дека, и покрај се', работите во општината ќе се одвиваат нормално. Неговото однесување е непредвидливо и оправдани се стравувањата кај најголемиот број од вработените. Ќе помине долг период до правосилноста на одлуката, па веројатно тој ќе си го истера градоначалничкиот мандат докрај. Кога ќе ни текне дека откако го пуштија од притвор веднаш дојде во општина и тоа во сабота, па менуваше брави, не знаеме што може сега да не' снајде “, коментираа вчера вработени во општината.

Со градоначалникот Тодоровски вчера не успеавме да стапиме во контакт за да ни ги образложи причините поради кои ги поделил отказите. Сашо Петковски, претседател на Советот на Општина Аеродром, не сакаше да ги коментира вчерашните случувања. Единствено рече дека планира идната недела да свика вонредна седница на Советот. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 939 пати.

Испрати коментар

Од: lili
Датум: 20.12.2008 10:24:26
ete toa se kadrite na VMRO
Од: aerodrom
Датум: 20.12.2008 13:51:34
Dobar e, dobar. Koga ve vrabotuvase po partiska linija dobar bese a? Koga vo vasiot vesnik zaedno plukavte po site dobar bese a? Koga si go glasavte dobar bese a? E sega dobro vi pravi na site. Dobar vi e vmro, prodolzete si samo.
Од: jimmy1
Датум: 20.12.2008 13:54:40
Koga nekoj gradonacalnik e pod istraga treba da mu bide zabraneto da e ima gradonacalnickata funkcija bideki nanesuva uste pove steta. Ova drsko odnesuvanje ne me zacuduva bideki taka se odnesuvaat, Grujo, Jankulovska, Slavevski, odnosno site od VMRO, toa im e nasledna navika. Toa ti se "pravi patrioti" diktatori, nasilnici pa duri nekoi naogaat vo niv i bugarski koreni. Ovie kaznive se malu smesni, za mito 5 godini odnosno pomalu da zemis ke lezis podolgo a sto poveke ukradis kaznata ke ti bide pomala. Treba da se vovede zakon vo sudstvoto, preostanatoto da go odlezuva sudijata sto e donel presudata, pa duri togas ke pocnat da se donesuvaat pravedni presudi.
Од: Dejan
Датум: 20.12.2008 19:51:52
Остваруваме, така беше нели?! Мислам дека Бранко има замешано прсти тука.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Три години затвор за Кирил Тодоровски
Откриен бункер со оружје
Надгробна плоча падна врз гробар во „Бутел“
Поради болест, Панде Лазаров не дојде на судење
Обид за силување во село Страцин