Брoj 2741  сабота, 19 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

СТИЛ

Кина каква што наскоро ќе ја нема


Областа Ксишуангбана

Наспроти модерните мегалополиси, Кина се' уште крие недопрени простори инспиративни за странските туристи

За неполн месец ,од 8 до 24 август, Кина и нејзиниот главен град Пекинг ќе бидат домаќини на светската спортска елита. Но додека спортистите ќе се борат за нови олимписки и светски рекорди, домаќините, како и сите претходни, ќе се обидат да ги урнат рекордите на туристичката понуда. Кина отсекогаш била магнет за вљубениците во патувања, исполнети со мистичност. Оние кои сонуваат за Кина сонуваат за Кинескиот ѕид, за многубројните храмови со прекрасни паркови, за тесните улички полни со мали дуќани во кои може да се доживее духот на Кина онака како што живеел со векови. А модерна Кина веќе е земја на бројни контрасти во кои доминира модерната западна култура со високи облакодери, широки авении со непрегледни сообраќајни јазли, со големи трговски центри и модерни ресторани. Такви се Пекинг, Шангај, Наијинг, Вухан и други. Иако скриени од очите на љубопитните туристи, Кина се' уште крие недопрени простори во кои може да се почувствуваат старата кинеска култура и архитектура, традиционалната кујна и отворените и пријателски расположени луѓе. Еве осум слики за онаа Кина што малку ја познаваме.



Путуошан



Малиот остров Путуошан е само на неколку часа со ферибот од градот Нингбо, а од Шангај се стигнува со ферибот за една ноќ. Оние што го посетиле Путуошан по доживувањето на Шангај велат дека дошле во сосема друг свет. Островот е полн со храмови, пагоди, со тесни каменести улички. Населен е со калуѓери, мајмуни и со малку рибари зафатени со своите бротчиња на наубавите плажи во северна Кина. Путуошан е одлично и неверојатно пријатно место каде што може да се побегне од вревата на модерниот Шангај и од слични на него кинески градови.

Пингао



Пингао е мал град сместен во централна Кина на патот за Ксијан. За оние што сакаат да ја почувствуваат стара Кина, Пингао е вистинското место. Обиколен со сосема недопрени ѕидини од времето на династијата Минг. Секој што ќе го посети Пингао има можност да ја доживее автентичната империјална архитектура од оваа позната династија, нешто што на други места во Кина тешко може да се најде, или затоа што ги нагризал забот на времето, или затоа што станале колатерална штета на брзата и неконтролирана индустријализација, или затоа што врз нив се забележуваат трагите на неодговорните реставратори. Токму затоа, Пингао уште во 1997 година од УНЕСКО беше прогласен за дел од светското наследство.

Ксијае



Ксијае е сместен во северозападна Кина, во провинцијата Гансу. Градот е познат по манастирот Лабранг, еден од најпознатите тибетански будистички манастири во светот. Ксијае е одлично место за да се почувствува тибетанската култура на еден поинаков начин. Сместен во планинска долина, градот е изграден во специфичен тибетански архитектонски стил. Новите градби во кинески стил не го расипуваат впечатокот и доживувањето на специфичната тибетанска архитектура.

Езерото Канас

За оние кои сакаат да побегнат што е можно подалеку од градската врева и од туристите, езерото Канас е вистинскиот одговор. Сместено во северниот дел на провинцијата Ксинјанг, езерото лежи блиску до руската граница, опкружено со природа многу поблиска до Сибир одошто до пустината на Ксинјанг. Но да се стигне до езерото, не е така едноставно. Можеби токму тука се крие одговорот како оваа прекрасна природа останала зачувана и недопрена од туристичката мегаломанија и се' да се стави во служба на сопствената удобност и препознатливост. Езерото Канас нуди неповторливо доживување на патување кое почнува во пустина, се искачува на зелени пасишта и стигнува до високите планиски предели со убавина што тешко се опишува. А за оние најсреќните постои и можност да фрлат поглед на прочуеното „Чудовиште од езерото Канас“.

Чангбаи Шан и Баие



Чангбаи Шан е најголемиот кинески природен резерват кој нуди неограничени можности за пешачење и истражување, места кои ретко се посетувани и од домашните туристи, а уште помалку од странските. Сместен е во североисточната провинција Џилин, само една ноќ патување со воз од Пекинг. Најблискиот град кој може да служи како почетна точка за разни авантури во недопрената кинеска природа е градот Баие. Баие можеби не е најубавиот кинески град, но е мал и смирувачки, многу попознат по своите Меирен Сонг - дабови отколку по својата архитектура.

Лиџијанг и Кањонот на тигарот што скока



Стариот град Лиџијанг, сместен во југозападната провинција Јунан, на туристите-авантуристи им е познат со децении. Лиџијанг секогаш се користи како почетна точка од каде што почнуваат патешествијата на оние кои сакаат да го почувствуваат духот на селата населени со разни малцински култури, кои ја населуваат областа. Од друга страна, тука е и Кањонот на тигарот што скока, сместен надвор од Лиџијанг. Глетката на еден од најдлабоките кањони на светот, кој не само што го одзема здивот туку и свеста со својата непрегледна длабочина, останува во вечно сеќавање.

Областа Ксишуангбана



Сместена јужно во провинцијата Јунан, областа се граничи со Лаос и со Мајнмар. Позната е по многубројните мали културни заедници, кои се' уште живеат на стариот традиционален начин во своите села, по своите наколни куќи, по пешачките патеки низ џунглата и по мирните речни патувања. Градот Џингхонг е центарот на провинцијата од каде што можат да почнат бројни инспиративни и сликовити патувања до околните села.

Венчанг и Донгџијао Јелин



Кина не е позната по своите плажи. Најголемиот дел од брегот веќе е жртва на претераната индустријализација. Но Донгџијао Јелин, плантажа со кокоси на островот Хаинан, ги крие едни од најубавите и се' уште недопрени бели песочни плажи, заплискувани од чистото сино море. Блискиот град Венчанг е транспортниот линк од каде што може да се стигне до кокосовата плантажа и до песочните плажи.


Статијата е прочитана 386 пати.

Испрати коментар

Од: Vlado
Датум: 19.07.2008 22:45:16
Kina ne e kako sto ja opisuvaat vo statijata. Bev vo kina mnogu pati i Kina non stop e na site svetski kanali top tema. Ovie sliki se od nekolku mesta i nekolku gradovi. oblakoderite sto gi gledate se kapka vo more i se izgradeni otkako Hong Kong se zblizi so Kina. Od 1 miljarda i 300 miljoni luge vo ovie 5 ,6 grada zaedno ziveat okulu 50 do 60 miljona a toa e 3,5 posto od vkupnata populacija.pristap do ovie centri imaat samo bogatite i turistite.Vo Kina 500 miliona luge ne znaat sto e televizor kanalizacija vodovod za kompjuteri internet i za mobilni telefoni da ne zborime.osnovni aparati za domakinstvo nemaat ni videno.Rezimot gi unistuva i gi unakazuva obicnite kinezi.Tie javaat konji pijat voda od bunar gotvat na drva i ziveat vo divina. Ekonomijata na Kina i investiciite gi drzi Hong Kong,Taiwan cija vlada se bori da se vrati na vlast vo cela kina i da go sobori komunizmot od vlast,tuka e i Singapur,Makao kako I USA koja pravi ogromni napori da go sobori rezimot.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Лозова ВС - за уживање со стил
Гуру пурнима - Денот на духовните учители
Даниел Јакимовски два дена во Лацио со Пандев и Роки