Брoj 2741  сабота, 19 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

СТИЛ

Лозова ВС - за уживање со стил

Лозовата ракија  е добиена од гроздов дестилат, стареен во дабови буриња не помалку од три години

Енолозите, хемичарите, биотехнолозите... можат да ви дадат вистински стручни објаснувања, поткрепени со формули и со емпириски докази, но од обичните лаици до докажаните мераклии сакаат да ја ценат ракијата по муабетот и дружбата што произлегува од неа. Но, ако во виното е вистината, според новите тенеденции, вкусови и табиети на консументите, во ракијата би требало да биде стилот. Обидувајќи се да ги спои вкоренетите мераци и модерната потреба за стил, винаријата "Тиквеш" минатата недела на пазарот лансираше лозова ракија со ознаката ВС ("вери спешл" - исклучително посебна), што во светски рамки се употребува најчесто за назнака на квалитетот на француските коњаци, италијанската грапа или англиското бренди.

Оваа ракија е добиена од гроздов дестилат, стареен во дабови буриња не помалку од три години - процес кој е еден од критериумите заслужен за довивање на квалификацијата ВС.

- Со лансирањето на ракија која ја носи ознаката ВС го продолжуваме трендот на надградба на квалитетот започнат со врвните вина од сериите: "спешл селекшн", "лимитед едишн" и "александрија куве". Овојпат напорите за постигнување врвен квалитет ги насочивме и кон сегментот жестоки пијалаци, целосно почитувајќи ги традицијата, знаењето и искуството што го има ВВ "Тиквеш" во производството на гроздова ракија, комбинирајќи ја со современтите светски трендови и вкусови - кажува Сашо Велков, менаџер за извоз на винарската визба "Тиквеш" за мотивите и предизвиците за создавање на новата лозова ракија во нивниот асортиман.

Додека жестоките пијалаци - како бренди, коњак, виски - имаат житно потекло и повеќе се третираат како дижестиви ( за по јадење, за варење на храната), ракијата - традиционално е аперитив, за отворање на апетитот. Новата ракија на "Тиквеш", според многу нејзини карактеристики, е уникатен жесток пијалак, и поради јачината од 45%, вообичаена за ВС-пијалаците, но различна од другите традиционални ракии на македонскиот пазар, кои се со јачина околу 40 %.

- Трендовите на клучните светски пазари покажуваат дека во поново време се создава простор за пријатни изненадувања и во сегментот на гроздовите дестилати. Тука ја гледаме нашата шанса - со ракија која е произведена на природен начин, од висококвалитетно грозје и која ја достигнала својата зрелост во дабови буриња - вели Велков.

Карактеристиките и амбициите при создавањето на оваа лозова ракија наметнуваат нов начин на нејзино консумирање, што не го исклучува традиционалното мезење со салата, но и како дижестив за релаксирано уживање со стил. (Ј.П.)


Статијата е прочитана 306 пати.

Испрати коментар

Од: DANO
Датум: 19.07.2008 22:13:13
A zosto tolku jaka rakija?zosto da ne bide37-38-39 da bide odlezena a pitka nesto slicno kako konjak ili brendi,45° pa taa e za alkoholicari rakija od 2 casi i kete sobori.Na tulku grozje sto ima mkd.nikoj ne se najde da napravi nesto evtino a ubavo gazirano i malce zablazeno slicno kako italijanskoto FRIZZANTINO,edno vreme imase VARDARSKI BISER od negotino a sega?????

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Кина каква што наскоро ќе ја нема
Гуру пурнима - Денот на духовните учители
Даниел Јакимовски два дена во Лацио со Пандев и Роки