Нови тротоари на „Никола Карев“
Откако по должината на булеварот „Никола Карев“ во октомври беше направен машински ископ на земја, а теренот беше тампониран и асфалтиран, екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве работеа на нова пешачка и велосипедска патека. На просторот од поликлиниката „Бит-пазар“ кон хотелот „Континентал“ беше поставена патека долга 350 метри и широка 2,5 метри.
Моментално се работи на другата страна од булеварот, каде што, исто така, се гради пешачка патека. Планирана е должина
од 500 метри, а ќе се протега од клучката „Детелинка“ до клучката кај „Континентал“.
Изградбата ќе го чини Градот Скопје 1,5 милиони денари.
Подигнат е пешачки тротоар и помеѓу крстосницата на булеварите „Никола Карев“ и „Македонско-косовска бригада“ во насока кон Американската амбасада. Целосно е покриен со асфалт потег во должина од 402 метра со широчина 4,7 метри. (Б.Ш.) |