Нов парк на „Маихаил Чаков“
Општина Кисела Вода ќе го збогати и хортикултурно ќе го уреди просторот на улицата „Михаил Чаков“, кој досега беше сосема запуштен и личеше на дива депонија. Ќе бидат уредени 3.000 квадратни метри, а ангажираните екипи од општината веќе го расчистуваат просторот на потегот од задниот дел на маркетот „Цибус“ до жезелезничката пруга. Во првата фаза е планирано целиот тој простор да се исчисти од ѓубре, а потоа да се посее со трева.
Втората фаза ќе се реализира со програмата за следната година, а во неа е предвидено целосно доуредување на просторот. Исто така, во план е изградба на кошаркарско игралиште, место за рекреација на младите. (Сн.К.)
|