Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Лукашенко доби нов мандат

За да спречи протести на незадоволство од изборите, Лукашенко стави огромна елка на плоштадот во Минск

МИНСК - Во Белорусија се одржаа претседателски избори, и според првите резултати сегашниот шеф на државата, Александар Лукашенко, победил со околу 70 отсто освоени гласа.

Ова се четврти едноподруго претседателски избори во Белорусија од стекнувањето независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, а од тоа Лукашенко е на власт во последните 16 години. За да спречат можни протестни собири, властите го претворија плоштадот во огромно лизгалиште декорирано со божикна елка, најголема во градот. Опозицијата соопшти дека лизгалиштето нема да ги спречи да организираат собир, па дури и измислија слоган со кој се повикуваат поддржувачите да донесат ќеси со сол и песок на плоштадот за да се справат со мразот.

Кандидатите на опозицијата веќе ги прогласија изборите за лажирани и покрај тоа што им беше дадена поголема слобода да водат кампања и пристап до националната телевизија за секој кандидат - невидени мерки досега што се сметаат за обиди на Лукашенко да добие одобрување од Европа.

Државните медиуми ја обвинија опозицијата дека се обидува да организира „револуција во боја“, слична на масовните собири со кои беа соборени старите режими во Грузија и во Украина. Едно време обвинет од страна на САД дека ја предводи „последната диктатура“ во Европа, Лукашенко стана познат по глупостите како што е, на пример, како го облекува својот малолетен син, наводно, роден вонбрачно, во комплетна воена униформа за паради, но, исто така, и поради нетолеранцијата кон дисидентите. Американските дипломати го нарекуваа Лукашенко како „видно нездрав“ човек кој „има намера да остане на власт неограничено“ во телеграмата што ја објави „Викиликс“.

Само изборите со кои Лукашенко дојде на власт во 1994 од страна на набљудувачите беа оценети како фер. Негови главни противкандидати беа лидерот на движењето „Зборувај ја вистината“, Владимир Нјекљаев, поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Сањиков, и заменик-претседателот на Обединетата граѓанска партија, Јарослав Романчук. (АФП)


#
Статијата е прочитана 193 пати.

Испрати коментар

Од: Reuters
Датум: 20.12.2010 16:12:01
Pa ako se tocni podatocite od Reuters za Belorusija za 2009 godina, deka BND po glava bil 12500 dolari, a nevrabotenosta samo 1% , inflacija 12,5. ne me ni cudi vakov izboren rezultat, Toj diktator vo odnso na ovie nasive i ne e tolku los , durii moze da se kaze deka e cvece.( nevrabotenost 37%, korupcija, nepotizam, partizacija ,bezakoonie i sl)
Од: Револт
Датум: 21.12.2010 00:35:32
Потполно точно, Reuters, но БНД е за нијанса помал (100 или 200 помалку). А за 1% невработеност не знам, дури мислам дека процентот е 0! :))) Плус, мноооогу ниско ниво на криминал, многу ниско ниво на корупција, градски превоз со возен ред (скоро и не каснат!), и 70 - 80% нови автобуси и тролејбуси, возови кои не каснат ни секунда, пречисти и уредени градови и... села! Да, да, селата не се изумрени како кај нас, напротив, секој што сака да работи во земјоделството и сточарството, добива куќа од државата! Не, не измислувам, често патувам (и застанувам таму) и одлично ги познавам прилките таму. Народот го сака председателот и гласа за него, а запад и неговите "вредности", може да јадат .....! Камо ние да имавме барем еден таков човек... еееех, пусти мечти.

Најди! во Утрински
Свет
Европа во фрижидер
Рускиот криминален октопод стига до Кремљ?
На удар и парите на „Викиликс“
Рампа за имигрантите во САД
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run