Премиерот Никола Груевски учествуваше вчера на самитот ЕУ - Африка во Триполи, во форматот лидер на земја-кандидат за влез во Унијата. На самитот учествува и грчкиот премиер Јоргос Папандреу, заедно со шефот на дипломатијата, Димитрис Друцас, но засега нема најава за средба со македонскиот премиер. Првите луѓе од 80 земји со над една и пол милијарда луѓе расправаа за имиграцијата од Африка и за помошта што може да ја даде Европската унија преку проекти вредни стотици милиони евра, пред се', во здравството, образованието, информатичката технологија, науката и слично. Гадафи им порачал на европските лидери дека ако не им дадат помош од 5 милијарди евра на африканските земји, тој нема да го попречи влезот на емигранти од Африка кај нив, па Европа ќе поцрни. На самитот, премиерот Груевски имаше средба со италијанскиот премиер Силвио Берлускони, на која се зборувало за трговската размена меѓу двете земји, за реформите во Македонија и за процесот на евроинтеграцијата. Груевски се сретна и со лидерите на Централноафриканската Република и на Танзанија.
Gruevski bil tamu kako del od delegacijata na EU ili na Afrika?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.11.2010 12:16:58
Еве уште еден еклантен пример за политичката изолираност на нашата земја а се по вина на власта.После средбата со англискиот прв министер еве и втора со некој европски лидер.Знам како ќе се реагира од познатите коментатори вероватно ќе го омаловажат самитот оти бил африкански а небил скандинавски.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 30.11.2010 14:35:14
Сега ми е веќе појасно!Секако не ст��нува збор за изолација!Сите дотрчаа да се видат со најголемиот лидер и научник,вундеркинд,кому рецесијата му побегна од пред портите!Се очекува наплив на странски вложувања во Македонија и нејзин влез во Африканската Унија!Нели Феликс?
Од: Tose
Датум: 30.11.2010 15:17:23
Tuuu be, pustina fati covekov
Од: Stojko
Датум: 30.11.2010 18:15:00
Do Srecko> Koga veke si tolku aktiven, partijata neka te prati na doobrazuvanje. Imeno, ne se vika "eklanten" , tuku "eklatanten". Jasno e kako den deka ne e vo prasanje lapsus, tuku neznaenje.
Од: sv diitrija
Датум: 01.12.2010 10:18:48
Tipichni makedonci so tipichni komentari.Za zal nas Makedoncite ama za nishto ne ne biva osvem za kritikuvanje .Dali chovek pravi dobro ili zlo zanas e sve NEGATIVNO .izgleda kako da sne izlegle od pogreshna dupka .Ova ne e samo vo R . Makedonija ,tuku po cel beli svet kade ida sne ,zatoa moj Makedonci Napredok nemale ,Ziveeme so negativni misli..