ДУИ: Откриен заговорот на Тачи
Од ДУИ реагираат дека институциите го откриле заговорот на ДПА. „Вмешаните ја признаваат улогата што ја имале. ДПА е фатена во уште еден фалсификат, но, за разлика од оној изборниот во 2008 година, овој пат отидоа подалеку отколку што здравиот разум би можел да очекува. Во ова лудило тие се чини не можат да се вратат назад , затоа продолжуваат да измислуваат приказни, улоги, сценарија и наводни големи откритија што ќе ги објавел некаков анонимен, произволен, волунтаристички и неофицијален веб-портал, како што е ’Викиликс‘. Од нив би не' изненадило некое разумно и здраво политичко однесување, неразумот за нив стана нормална појава. Но, што друго да се очекува од фалсификат партија, освен фалсификувани избори, фалсификувани биографии, фалсификувани истории“, реагираат од партијата на Али Ахмети? (Св.У.)
|