Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
На прво место

Протестна нота од Грција до САД

Атина - Грчкото Министерство за надворешни работи потврди дека добиле предупредување од амбасадата на САД за новиот бран тајни документи на Викиликс со кои ќе биде засегната и Атина. Неофицијално, дипломатски извори од Атина коментираат дека од грчкото МНР била испратена протестна нота до амбасадорот Даниел Смит со барање да се спречи објавување на тајните документи.

Како што објавуваат грчките медиуми, дел од документите од Викиликс за Грција се однесуваат на спорот со името со Македонија, несогласувањата со Турција и кипарското прашање. Сепак, никаде нема шпекулација за она што го најави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, односно дека во документите што се однесуваат на нашиот јужен сосед ќе бидат објавени детали за поврзаноста на Грција со воениот конфликт во Македонија во 2001 година. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 1600 пати.

Испрати коментар

Од: Трене
Датум: 30.11.2010 16:44:29
Конфликтот во 2001 беше сцениран од страна на грчки интереси со цел менување на Македонскиот устав од национална држава во мултинационална, односно бришење на државотворниот карактер на народ кој се идентификува како Македонски. Тоа го кажува Тачи, но тоа не значи дека сигруно знае каков документ ќе биде објавен во викиликс. Потоа, тоа се документи од американска архива. Кој вели дека американски служби документирале грчки интереси и постигнување посебна цел во етнички конфликт во Македонија. Како и да е, ја знаеме грчката игра во бришење на Македонска посебна националност и време е Македонија да работи насочено против тоа.

Најди! во Утрински
На прво место
„Викиликс“ не ја стресе Македонија
Средба Груевски - Берлускони
Бучковски закачи слика од Груевски
ДУИ
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society