Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
На прво место

Бучковски закачи слика од Груевски

Тамара Грнчароска

Непродуктивна дискусија, обвинувања кој е поголем, а кој помал патриот, кој го штити името, кој не, кој бил за независна Македонија во 1991 година и кој што правел во деведесеттите години, па дури и обвинувања на некои пратеници дека соработувале со „некакви служби“ можеа да се слушнат вчера од говорницата на македонското Собрание, на седницата посветена на новиот извештај на ЕК за земјава. За владејачката партија извештајот е позитивен и покажува дека земјава се движи напред, а за опозицијата е лош и покажува дека земјата стои во место. На прашањето - што по Извештајот и што со забелешките што тој ги содржи, никој конкретно не се осврна.

Радмила Шеќеринска-Јанковска од СДСМ ја обвини Владата дека нема план како да стигне до датум за старт на преговори со ЕУ. Според неа, власта се прави дека не го разбира дипломатскиот речник на Брисел, па низок, ограничен, слаб, релативен напредок ги чита само како напредок, што е далеку од реалноста. Таа го обвини Собранието дека е само архивар на она што како документи му стигаат од Владата и дека пратениците не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата. Притоа, го прозва премиерот Груевски со зборовите дека само дома покажува мускули, а надвор молчи и дозволува дури и неговата партија во европската десница да биде регистрирана под ПЈРМ. Како доказ за погрешната политика на Владата, која ги урива позициите на државата, таа го посочи извештајот од 2005 година каде што името Македонија се спомнува 36 пати! На тоа и' реплицираше Петар Поп-Арсов од ВМРО-ДПМНЕ, кој кажа дека ако некој го штити името, тоа е неговата партија. Според него, извештајот на ЕК е доказ за напредокот на земјата, обвинувајќи ја опозицијата за негова фетишизација со која се прави поделба.

Владо Бучковски од СДСМ, исто така, сметаше дека власта нема вистинска политика за евроинтегрирањето на земјава, па не е битно кој е на чело на СЕП, „дали Васко, Ивица, или утре Илија, бидејќи проблемот е во политиката“. Тој побара Груевски да биде присутен во Собранието кога се расправа за вакви прашања, па во негово отсуство на говорницата закачи фотографија од премиерот. Поп-Арсов му реплицираше на Бучковски дека Груевски е таму каде што е клучно за македонското евроинтегрирање, во моментот на самитот ЕУ - Африка во Либија, со забелешка „зар треба да биде тука и да ве слуша вас“.

Пратениците од владејачката партија ги прашуваа опозиционерите што направиле тие за евроинтегрирањето, кој го прифати ПЈРМ како име, кој делел флаери за останување во СФРЈ, а Анита Стефановска, на дискусијата на Тито Петковски, реплицираше со констатацијата „не сакам да говорам за вашата соработка со некои служби“. Петковски, поради ставот дека власта личното достоинство го става пред достоинството на Македонија и дека се потребни храбри потези за да се реши спорот, беше пречекан со коментар - дали доаѓа од грчкото собрание.


#
Статијата е прочитана 3674 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.11.2010 12:20:26
Да не се повторуваме и да опсервираме симулационо-ползечки настапи гарнирано со лицемерие во зависност од политичката положба,мислам кога се на власт или во опозиција.Ништо ново само духовна бедотија на штета на сопствениот народ.
Од: Kavadarcanec
Датум: 30.11.2010 12:45:09
Срамота е на секој програма да се гледаат драми. Навистина чудно што оние кои го прифатија бјрм и чии слики и гласови ги гледаме и слушаме на секоја телевизија да се жалат за слободата на говорот, за извештајот од ЕК(за кој со сета сила дејствуваат да биде негатиен) и на крај да се глупираат со детски финти(како бучковски).
Од: Трпе
Датум: 30.11.2010 12:52:37
Послушниците на пастирот, кои седат во удобните собраниски фотелји ќе сватат дека грешеле.Тие ке сватат ,како што сватија овие кои се колнеа во Љубчо.Но поради нивното касно сваќање,страда и невиниот народ.
Од: забеган.
Датум: 30.11.2010 13:04:02
Кој глеаше седница вчера.Треба да се засрами што Пратеници има Мнозинството. Еде ВМЛОТО.Им дале некои пусулчина да прочитат ако и тоа ама не знат ни да ги прочитат.Залутале сироти за жалејне се.
Од: Hari
Датум: 30.11.2010 13:49:47
Srecko, ovie denovi zakljuciv deka te placat po pisani komentari a ne po toa sto e napisano. Dokolku ne bi bilo taka bi trebalo osteta da placas na stabot. Kolku samo steta pravis na portokalovite.
Од: Vasko
Датум: 30.11.2010 14:39:39
Bash mi se dopagja najmnogu od cel tekst, posledniot pasus! Za grckiot zet! Sekoja cest!
Од: Трене
Датум: 30.11.2010 16:59:41
Кловновите од СДСМ се одамна прочитани. Секоја активност им е да се кочи Македонија, да се шири паника и кавги за да не се носат одлуки, со цел купување на време за што подолго влијание на грчките интереси бришење Македонска националност. Како не им е срам, се работи за иднината на нашите деца дали слободно ќе можат да го изразуваат насекаде нивниот идентитет, да не бидат никаде дискриминирани, да зврши грчката ксенофобија еднаш.
Од: snajper
Датум: 30.11.2010 19:56:42
buccko ima slika od grujo mozebi i doma.. pa grujo mu go vrati pasosot i go oslobodi od obvinunanjeto i istragata za prodavanje na oruzjeto sto NATO go donirase za nas..
Од: ice
Датум: 01.12.2010 08:46:09
Neznam zosto nekoi opoziciski partii nepotrebno se inatat kako magarinja na most i zosto uporno bez pricina vikaat deka Vlasta ne e za integracija vo EU. Gospoda od opozicijata vo vremeto na VMRO DPMNE dva pati po red nasata R.Makedonija (koja vie ja prekrstivte vo BJRM) dobi preporaka za pregovori so EU (nepobiten fakt), no poradi protivenje (od inat) na edna clenka idiot drzava (GRCIJA) R.Makedonija ne gi ostvaruva svoite celi. Znaci protivnikot na koj treba da se koncetrirate e GRCIJA, a ne na svoite braka MAKEDONCI.
Од: Do Ice
Датум: 01.12.2010 11:01:35
I mene mnogupati mi rekle deka sum zrel za brak,pa uste ne sum ozenet.Sega sfativ,treba da se koncentriraat na zenskite!

Најди! во Утрински
На прво место
„Викиликс“ не ја стресе Македонија
Средба Груевски - Берлускони
Протестна нота од Грција до САД
ДУИ
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society